• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

Стојанче Никодиноски: За Ќосето…

декември 25th, 2020 Историски личности коментари 1335

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стојанче Никодиноски: За Ќосето…

Андон Лазов Јанев – Ќосето
(25. XII. 1854 – 10. IX. 1953) е
Македонски Револуционер и Војвода.
Познат како Андон Ќосето, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.
Во 1897 година учествувал во пленувањето на струмичкиот Назлим-беј, потоа во 1901 година на мисионерката Мис Стон, како и во Илинденското востание во 1903 г.
Потоа бил Војвода во Гевгелиско, инспектор на четите, делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ (1905) и доброволец во Македонско-одринското ополчение (1912–1913), по што живеел во Горна Џумаја.
Секоја наредба на ВМРО ја извршувал без приговор. Таму каде што ќе загустеле работите на теренот, каде требало да се расчистат сметките со тие што му создавале проблеми на народот го испраќале Ќосето.

Андон Лазов Јанев е роден на 25 декември 1855 година во селото Голозинци, Велешко. Најголем дел од детството го поминал во родното место, каде со двајцата браќа и двете сестри се занимава со овчарство. На шеснаесет годишна возраст, Андон со семејството се преселил кај чичко му во Велес, откако татко му Лазо како првенец во селото, бил наклеветен од некои соселани, а потоа уапсен и одведен во Солун.

По обидот за убиство на видниот турчин Али Чауш, кој сакал да му удри шамар зошто не му оддал почит додека поминувал, Андон го напуштил Велес и избегал за Солун. Даме Груев кој бил известен со писмо за настанот во Велес, преку учителот Атанас Мурџев и поп Стано, го придобиле Андон да им се приклучи на Македонската Револуционерна Организација. Подоцна тој се запознал со Даме Груев и директно добивал наредби од него.
Организацијата го ангажирала да работи како таен полицаец, а извесен период за да го прикрие идентитетот и својата илегална активност го возел пајтонот на
д-р Христо Татарчев.

Меѓутоа, Андон често пати знаел да работи на своја рака во пресметката со српската и грчката пропаганда, која ја попречувала работата на Организацијата. По убиството на виден Турчин, властите ја ангажирале и војската да го бараат. Откако, не го нашле во Велес, турските власти го носат во Солун неговиот постар брат Илија кој во соработка со српскиот учител Пејчиновиќ трагаат по Андон. Постоела опасност да биде разоткриена целата Организација, па Андон самиот предложил да се ликвидира брат му, што било и направено. Потоа, ги помага Иванчо Карасулијата и Митре Дудуларски во убиството на српскиот ренегат Илија Пејчиновиќ.

Дејствувањето на Андон без знаење на Организацијата, што довело до голема врева и ангажирање на војската, предизвикало голем револт кај Даме Груев кој го предупредил, велејќи му: „Уште еднаш такви работи да не правиш, дури и ако те навредат. Само тогаш кога ќе ти дадеме некоја задача, само тогаш ќе дејствуваш“.

Во мај 1897 година, по наредба на Организацијата, заедно со Ицо Џорлев од Кукуш и со гевгелиските раководители на Организацијата, Андон учествува во извршувањето на смртната пресуда врз доушникот на турската власт и водач на гркоманската партија во Гевгелија Христо Цицов (Цицо). Егзекуцијата била извршена пред очите на кајмакамот во Гевгелија, по што турските власти прават сериозна потера. Андон се вратил во Солун, но по краток престој, за да не биде откриен од потерата, Организацијата го испратила надвор од градот.

Андон се приклучува на четата на Илија Крчовалијата и Михаил Апостолов – Попето, со која кружи низ Кукушко.
Со неколку соработници успел да фати чорбаџиски син за кого бара откуп. По 25 дена добиле 1.000 лири, пари наменети за Организацијата.

За своето делување во овој период Андон Ќосето подоцна раскажувал:

  • „И така јас започнав да се движам насекаде, минувајќи и од едната и од другата страна на Вардар, во Кукушко, во Дојранско, Малешевско, Струмичко. Едно време јас требаше да ги обиколувам и другите околии. Ќе се појавеше некаде раздор или пак, не ќе одеа добро работите во реонот, Гоце Делчев веднаш ќе ми напишеше да отидам таму. Ќе го средев тој реон, ме испраќаа во друг реон, а тој го предавав на друг. Се расправав само со непријатни гости. Како да се наоѓав пред една шума, преку која не минуваше пат,
    та јас со секира в раце требаше да правам пат среде таа гора. Веднаш потоа излегоа, за секој реон чета. А ние бевме првата чета. И јас ќе отидам таму, ќе скокнам, каде со добро, каде со нож. По едно време се заплашија…“

Во меѓувреме, на барање на Гоце Делчев, за да се рашири Организацијата, Андов се разделува со Михаил Попето, кој заминал за Кукушко. По две години Попето бил убиен од арнаути, а Андон ги ликвидирал неговите предавници и убијци.
Јане Сандански кој во тоа време бил во Дупница му испратил писмо во кое советува дека не било добро да се ликвидирааат попови и учители зошто тие можат да им требаат, на што Андон одговорил дека не прима совети од лица кои живеат надвор од Македонија. Набргу потоа, во 1900 година, Андон ја имал првата средба со Јане Сандански. Тој го организирал префрлањето на четата на Јане Сандански и му дал корисни информации за состојбата на теренот.

Откако Организацијата се соочила со недостаток на средства, повторно се сретнале со Јане Сандански и Христо Чернопеев за да го организираат пленувањето на Сулејман бег во Горна Џумаја. Увидувајќи дека тешко можат успешно да ја спроведат акцијата, тие своето внимание го насочиле на мисионерката Мис Стон, која се канела да го посети Серско и Струмичко. Андон кој станал добар пријател со Сандански, учествувал во шестмесечното криење на Мис Стон од турските потери, а по добивањето на откупот бил задолжен да ги ослободи. На 23 февруари 1902 година, Андон ја ослободил Мис Стон во селото Градошорци, во непосредна близина на Струмица.

Во текот на Илинденското востание заедно со Ѓорче Патров и Лука Иванов предводи чета во Прилепско. По судирот со турскиот аскер кај Тројаци, Андон се разделил и заминал со 30 востаници за Велешко. На 17 октомври 1903 година, кај месноста Клепа, во близина на селото Скачинци, четата на Андон имала тежок судир со турскиит аскер кој броел 500 души.

По Илинденското востание, Андон учествувал во работата на Серската група и ја подготвувал селската милиција во Струмичко и Малешевско. Во 1905 година бил делегат на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ, а во 1907 година, поради својата блискост со Серската група, по убиството на Борис Сарафов и Иван Гарванов, Андон бил затворен единаесет месеци. Во затворот бил држен многу строго и не му дозволувале никаква посета и писма, а за тоа време немал никаква поддршка од организацијата, ниту од другарите.

На обвинувањата дека е санданист и разбојник, Андон им одговарал дека не е ниту санданист, ниту сарафист, ниту делчевист, туку човек на Организацијата и дека не служи на личности, туку на Македонија. За време на Младотурската револуција, Андон успеал преку еден Турчин да испрати писмо до Јане Сандански за да му обезбеди потврда од турските власти дека не бил разбојник, туку револуционер. Сандански му испратил таква потврда која ја презентирал пред судот по што бил ослободен од сите обвиненија. По излегувањето од затвор, разочаран од Организацијата, Ќосето ја фрлил пушката и му се вратил на обичниот живот.

Меѓутоа, со почетокот на Балканските војни во есента 1912 година учествувал во формирање на чета на чије чело бил Христо Чернопеев. Заедно со 12 – тата чета од 27 – ми чепински полк, учествувал во нападот на Разлог. Потоа служел во штабот на 13-тата кукушка дружина.

По војните, Андон Ќосето живеел во Горна Џумаја, денешен Благоевград, каде работел како службеник во тамошната администрација.
Секогаш говорел со огромна почит за
Гоце Делчев, а знаел да пушти солзи кога зборувал за него.

  • „Кој го знаеше и кој не го знаеше, го почитуваше. Сите чети, што ги имаше тогаш, легални, нелегални, сите му беа нему потчинети. Кај него немаше никогаш груба забелешка, да рече лош збор или, пак, да се намурти. Се’ си беше весел“, раскажувал подоцна Андон за големиот
    Македонски Револуционер.

Антон Лазов Јанев – Ќосето живеел сто години и ликвидирал сто луѓе кои го злоупотребувале македонскиот народ,
меѓу кои Турци, гркомани, србомани, но и предавници на Организацијата.

ВЕЧНА ТИ СЛАВА ВОЈВОДО❗

Пишува: Стојанче Никодиноски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Сашко Ивановски: Коритото на река Брегалница претворено во воена зона во Делчево
Следна објава Еве зошто прикриените мегафони на власта бараат ВМРО-ДПМНЕ да го напушти собранието
Може да Ве интересира:
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 654
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 633
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 644
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 576
Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија
Историски личности

Јордан Пиперката изворно ги запознал дворските игри на Бугарија во односот кон ослободителното движење во Македонија

август 10th, 2022 615
71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров
Историски личности

71 година од смртта на Македонскиот револуционер Панко Брашнаров

јули 13th, 2022 624
Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска
Историски личности

Смртта на Чакаларов била голема загуба за Македонија. Неговото дело живее ден-денеска

јули 9th, 2022 568
На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори
Историски личности

На денешен ден после сурово измачување е убиен Цветан Димов од бугарските фашистички окупатори

јули 9th, 2022 603
На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров
Историски личности

На денешен ден во 1921 година во Софија е убиен Ѓорче Петров

јуни 28th, 2022 530
Жена на денот
Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

Мерлин Монро и нејзиниот неоткриен талент

770
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1690
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1458
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara
Матна Брегалница

На 5 Мај народот ќе излезе масовно за Стево Лузер. Имаат добра програма. Bashka Parpara

Апр 23rd, 201920
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.