Еден од најголемите визионери и градители на европската идеја , екс премиерот на Италија Романо Проди е добитник на Светската награда за хуманизам 2019 година.
Ова признание се доделува по 13 ти пат , и овојпат се наоѓа во сопственост на Романо Проди. Нашиот Охрид вакви признанија претходно доделил на Александр Солжењицин, Херта Милер, Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, спомнувајќи го коренот на духовните почетоци од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј.
Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи и моето име како добитник на оваа светска награда со огромен престиж, што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот. Со голема радост ви потврдувам дека ќе дојдам во Охрид за да го примам ова високо признание придружуван од мојата сопруга Флавија.
– истакна Проди.
Доделувањето на наградата придружена со свечена церемонија ќе се одржи на 18 јануари 2019 година, во куќата на Уранија на МАНУ, во присуство на амбасадорите на Европската унија, Италија, Франција, Бугарија и Белгија.


