Кога слушнеме за потопени градови одма помислуваме на нешто фасцинантно, мистично, минато, историја, тајни … Ова се само дел од причините што историјата и те како привлекува и е примамлива за истражување. Премногу градби и цело човештво се состои во таа историја. Постојат голем број градови кои исчезнале под вода , ќе ги издвоиме најпознатите.
1. Порт Ројал, Јамајка
Во минатото бил Познат како најизопачениот и најгрешниот град во светот, обожуван од пиратите. Во градот владеело само алкохол, дрога и проституција. Тој исчезнал под вода во 1692 година кога Јамајка ја погодил земјотрес со јачина од 7,5 степени, и 2.000 жители исчезнале заедно со него.
2. Пирамидите Јонагуни – Јима, Јапонија
На дното на морето, на јапонскиот брег, лежат пирамиди кои сè уште не се знае дали настанале природно или пак, биле направени од луѓето. Се верува дека настанале пред околу 10 илјади години пред новата ера. Откриени се во 1996 година.
3. Дварка, Индија
Древниот град Дварка се наоѓа во заливот Камбеј во Индија. Овој град се состоел од 70 илјади палати составени од злато, сребро. Станува збор за митско моќен град, но веднаш штом Кришна го напуштил овој свет, тој потонал. Нуркачите кои истражувале, пронашле голем број артефакти од кои извадиле лончиња, накит, скулптури, човечки коски и докази за записи.
4. Градот на лавовите, Кина
Ши Ченг, Градот на лавовите, порано бил политичко средиште, но кога сите жители се отселиле, градот бил постепено потопуван. Се верува дека Платон ја раскажал историјата на овој град,градот на лавовите кој е реален и богат со антички и архитектонски бисери.
5. Палатата на Клеопатра – Александрија, Египет
Тука се наоѓа палатата на древната египетска кралица Клеопатра. Истражувачите тврдат дека палатата била потопена пред 1.500 години поради разорен земјотрес.