“ Црпнативе тешко го прават пазарот со пратениците! Мислеа со локални гранапчиња си имаат работа па шушни мушни ќе си тераат на тајни седници, а?
Не им оди ниту со нивните не па со другите пратеници. И наместо Црпе да си оди како комплетно делегитимиран политичар кој дојде на власт нелегално, тој вчера крикна нови брзи избори! Мисли набрзина да го спакува народот со шибицарски игри! И пак не му доаѓа умот дека колку повеќе прави работи со сила во политиката, толку силата му се враќа по глава! Малку му е еден нокаут добиен на 30.09 од народот, па сега закажува нов, уште посилен што ќе го добие на 25.11?!
Место да замине од политиката сака уште пожесток удар! ЌЕ СИ ГО ДОБИЕ!”
– напиша Каракамишева.