“ Знае ли Заев и сите околу него дека проектот уставни измени на странците е буквално mission impossible од номотехнички аспект? Дека од нашиот сегашен Устав нема да остане ништо читаво, ништо здраво, а се ќе биде ќилаво и грдо?
Свесен ли е Заев и тие околу него дека измената на Уставот во делот на името не може да се случи со усвојување на само еден уставен амандман, бидејќи тоа се коси со нашата уставна процедура? Видел ли Заев како изгледа уставен амандман? Видел ли дека Република Македонија во Уставот е спомената дури 193 пати, што значи ќе треба да се прават исто толку амандмани само за името, а каде се тука и спорните придавки “македонско”, “македонски” за кои во Договорот од Преспа во чл. 7 е јасно утврдено дека ќе можат да се користат само ако има објаснување дека истите се различни од оние што ги има во Хеленската цивилизација, историја, култура и наследство на регионот од антиката до денес? И што ќе прави Заев со придавките, на секоја ќе и закачува објаснување? Исусе Боже!
Како СДС мисли да смени се со еден уставен амандман?
Има ли бре во таа партија некој што може да му каже на човеков “шефе, кочи малку, оваа работа не може така да се тера”, или сите се отидени во бестрага?”
– Напиша професорката Тања Каракамишева на својот профил.