Почитувани сограѓани
Младите се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени. Младите се промотор на новите вредности на секое општество, а најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата.
За жал изминативе три години, за власта предводена од СДСМ, младите се маргинализирана категорија која е важна само во нивната реторика полна со манипулации и празни ветувања, а државата не покажа никаква грижа за младиот човек
Ти се обраќам тебе млад човеку! Ти се обраќам да ја препознаеш обновата за твое добро и за доброто на сите млади луѓе!
Младите се нашата иднина. ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш во својот фокус ги става потребите на младиот човек затоа што знае дека државата останува на малдите.
За да имаат желба и мотив за напредок, да се стремат да ги остваруваат своите животни цели, на младите треба да им се понуди можност за работа, да имаат реална конкуренција каде што може да се натпреваруваат со знаења, идеи и решенија, да им се остави простор и можност да имаат своја улога и да влијаат врз општествените текови.
Со проектот Обнова на Македонија, новта влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нуди визија за создавање општествени услови за ние малдите да ја градиме својата иднина во сопствената земја.
Преку реализација на низа мерки и проекти, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на:
Обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за перидо од 4 години.
Обезбедување на современо образование кое ги подготвува младите за потребите на пазарот на труд.
Активно учество на младите во донесувањето на одлуки
Култура и спорт по мерка на младите.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за системски и структурни мерки со кои се покажува посветеност на општеството кон младиот човек. Преку дел од проектите наменети за млади предвидуваме:
- Финансиска поддршка за вработување млади лица
- Ослободување од данокот на личен доход за млади до 29 години
- Загарантирана работа на 500-те најдобри студенти
- Поддршка за претприемачка иницијатива на млади
- Професионални вештини за младите
- ONLINE младинска платформа
- Поддршка на младите земјоделци
- Фонд за кофинансирање на обуки за млади
- Донесување закон за младинска работа
- Модерни и енергетски ефикасни студентски и ученички домови
- Кариерни центри за професионално советување на младите
- Поддршка за студенти и талентирани ученици …
И уште многу други проекти кои ќе го олеснат живеењето на младиот човек.
Почитувани,
Ни претстојат најважните избори во досегашната историја, специфични по многу нешта, но пред се поради ситуацијата со која се соочуваме. Нашиот слоган со кој тргнавме ИСПРАВИ СЕ МАКЕДОНИЈО! е слоган кој ја најувава новата енергија која ќе донесе обнова, а токму таа енергија ја носиме ние младите, затоа што обновата ни е најпотребна нас.
Знаеме дека патот е тежок и трнлив но на тој пат никој повеќе нема да му застане на народот.
Затоа на 15 јули изберете Обнова, изберете чесни и честити луѓе и бидете дел од Обновата на Македонија.
За доброто на сите млади во Велес и во Република Македонија!
Ви благодарам на вниманието!
Пишува: Никола Наков


