На 26 ти мај Јордан Битов и Пол Ривет од компанијата Нордстар Капитал објавија дека склучиле договор со Торстар Корпорацијата за превземање на сопственоста на повеќе десетици бизниси со медиуми вклучително и Торонто Стар, Хамилтон Спектејтор, Ватерлу Риџн Рекордс, Сеинт Катерин Стандард меѓу другите.
Заедно ќе го пишуваме наредното поглавје на наративната историја на Торонто Стар
Ќе опстои долгорочната посветеност кон прогресивните позиции и неустрашивото новинарство.
-стои како лајтмотив упатен во јавноста со кој се придава на значење за реализираната финансиска трансакција.
Оваа финансиска трансакција е поволна за акционерите, значајна за иднината на локалното новинарство и бенефит за Канадската новинска публика која што очекува, доверлива и базирана на факти информација во вид на вест.
Според соопштението на Нордстар, поранешниот премиер на Онтарио, Дејвид Петерсон прифатил да биде назначен за заменик-претседател на Торонто Стар по завршувањето на трансакцијата. Исто така се очекува Boyон Бојтон да продолжи да ја извршува својата функција, извршен директор на Торстар.
„Ние веруваме во вести. Со оваа трансакција можеме да обезбедиме иднина за новинарите од светска класа и новинарство од светски ранг што ѝ прилегаат на историјата на Торонто Стар“ – рече Битов во врска со оваа инвестиција.

Јордан Битов е петто дете во семејството на големиот поборник за афирмација на Македонските права во светот Џон Битов и неговата жена Доца.
Џон Битов кој водеше борба за културна и идентитетска афирмација на Македонците речиси осамен наспроти можното грчко лоби со децении, почина во Јули 2015 година.
Останаа неговите телевизиски и медиумски излагања и дебати кои што до ден денес се ненадминати од грчката пропаганда во однос на Македонската самобитност и постоење.


