• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Тренчевска од Тетово: СДСМ рекордно ги зголемиле пензиите и има поголеми бенефиции на лицата со попреченост

август 12th, 2022 Македонија коментари 416

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Тренчевска од Тетово: СДСМ рекордно ги зголемиле пензиите и има поголеми бенефиции на лицата со попреченост

Дека СДСМ за да дојде до глас повеќе не бира начини и сретства очигледен пример е трибината која што претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска ја реализираше со пензионерите во Тетово денеска во рамки на предизборната кампања на вонредните локални избори за советници. На трибината Тренчевска оперираше со податоци за тоа како СДСМ како партија на власт работеле во функција на пензионерите со зголемување на пензиите, без притоа да го спомене фактот за порастот на цените на сите производи од кои што зависи пензионерскиот стандард, со што пензионерите се оставени на раб на егзистенција. Притоа Тренчевска ги спомена и лицата со попреченост на чија сметка се обидува да ќари некој политички поен.

“СДСМ се грижи за сите ранливи категарии, а особено за пензионерите, кои добиваат рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија, истакна на средба со тетовските пензионери претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, на која присуствуваше заедно со претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Елена Устамитова.

Тренчевска нагласи дека со новата методологија, пензионерите со просечна пензија која во јуни месец изнесува 16.348 денари, од септември натаму секој месец ќе имаат дополнително околу 8% до 10% плус на својата сметка.

Покрај воведувањето на новата методологија за усогласување на пензиите, заради економската криза која е предизвикана од КОВИД- пандемијата, но и од конфликтот меѓу Украина и Русија, Владата на РСМ усвои и пакет интервентна финансиска помош за пензионерите по 1000 денари за три месеци и тоа во месеците април, мај и јуни, а со цел подигнување на стандардот на корисниците на пензија и ублажување на последиците од ценовниот шок, порача Тренчевска.

Таа нагласи дека со усогласувањето на пезниите и директната финансиска помош, во 2022 година, за 12 месеци, во просек пензионерите ќе имаат вкупно годишно околу 12.000 денари повеќе во семејниот буџет во однос на 2021 година.
Претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска во Тетово, оствари средба со претставници на здруженија на лица со попреченост, пред кои ги презентираше новите права и услуги за 2022 година коишто се договорени со другите министерства и фондови и со неколку здруженија на граѓани.

Новите права предвдуваат ослободувањето од здравствената партиципација за лицата со попреченост над 26 години во вкупна висина од 16.000.000 денари, измена на правилникот за утврдувањето на список на поправки на ортопедските помагала за покривање на трошоците за сервис и поправка на говорниот процесор, намалување на времето за доделување на ортопедски помагала – чевли од 9 на 6 месеци, промена на критериумите за користење на личната асистенција, која со оваа измена ќе може да ја користат и лицата со церебрална парализа, проверка на усогласувањето на висината на правата со трошоците за живот, наведе Тренчевска.

Таа нагласи дека од големо значење е измената и дополнувањето на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година.

Преку Центрите за социјална работа се платени цената за час индивидуален и цената за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.

Тетово заслужува да биде модерен, европски град со еднакви можности за сите и токму за тоа се залагаат кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата.

СДСМ како централна власт и до неодамна како дел и од локалната власт реализираше бројни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот за граѓаните н Тетово.

Тоа ќе продолжиме да го правиме особено во делот на социјалната заштита, во делот на грижата за ранливите категории, пезниониерите, но и за најмладите.

Затоа, ве повикувам на 20 август својот глас да го дадете за бројот 1, за советничката листа на СДСМ и коалицијата, гласајте за европско Тетово, порача претседателката на форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска, при посетата на Тетово.”

-информираат од СДСМ.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Следна објава И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 525
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 523
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 396
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 543
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1898
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1342
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 2022 583
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 201733
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202125
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202223
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.