Во текот на вчерашниот ден додека Министерот за надворешни работи Никола Димитров држеше прес конференција на која зборуваше за некаква правда која иако во 2016 година тој и неговиот партиски шеф ја ветуваат под секој камен во државата, остана само демагошка определба и маска за криминалот кој што го направија со парчосувањето на Македонските национални интереси се случи упад од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Додека Димитров носејки ги невидливите розови очила на Заевизмот се обидуваше да се промовира себеси од пред зградата на МНР во функција на неговата предизборна кампања, Наум Стоилковски му го потопи неговиот Титаник на чија што палуба Димитров се уште свири виолина.
Погледнете во продолжение за што станува збор во видеото пренесено од МИА сервисот платен со парите на Македонските граѓани.


