Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Сарај, Чаир, Студеничани и митинзи во Гази Баба и Шуто Оризари.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Конче, Босилево, Василево и Ново Село и митинзи во Радовиш и Струмица.
Демократската унија за интеграција е на средба со граѓани во Кичево, а Движењето „БЕСА“ во Липково.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши во петок, 13 октомври, во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. (МИА)
Извор: Курир