Од септември Виница ќе добие затворен градски пазар, а истиот ќе биде лоциран на местото на стариот градски плоштад.
Освен овој значаен проект на општината во новиот ДУП предвидена е реконструкција на објектот старо Кино и Турските бањи.
Во рамките на денешната Јавна расправа немаше забелешки од надлежните иснтитуции кои беа повикани да дадат свое мислење
„Површината на парцелата на пазарот е 2500 м2, предвидени се 1542 за градба, предвидени се 4 површини за градба од 600.Се е предвидено во рамките на Законот за просторн и урбанистичко палнирање“ – објаснува архитектот Ана Поповска.
“ Со донесување на ДУП за Блок 18 Дел 4 ќе започне изградбата на затворениот Градски пазар и реконструкција на објектот –старо кино во Виница. Постапката е започната, а денес се оддржа и Јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 18 Дел 4. Детално образложение на планот денес имаше Ана Попвска, архитект урбанист од “Простор“ Куманово, а кои се предностите од донесувањето на планот даде и градоначалникот Ивица Димитров. На јавната презентација имаше претставници од Водостопанство, ЕВН, од ЈКП “Солидарност“ кои не дадоа никакви забелешки, така да како што истакна Поповска, се е предвидено согласно Законот и Правилникот за просторно и урбанистичко планирање, и ДУП за Блок 18 дел 4, би требало да биде завршено до септември годинава.” – информира општина Виница.
