• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со своите катастрофални економски политики полека, но сигурно не враќа во 90-тите

октомври 24th, 2017 Македонија коментари 833

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Беда, сиромаштија, криминал и масовна трговија на црно ова беше Македонија која СДС ја создаде во 90-тите за време на криминалната транзиција. Граѓаните во изминатите 10 години видоа дека Македонија може да биде економски стабилна и силна држава доколку се работи како што работеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Држава во која ќе се намалува невработеноста и ќе расте просечната плата како и стандардот на живеење, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата информираат дека сега СДС со своите катастрофални економски политики полека, но сигурно не враќа во 90-тите, стапката на невработеност ќе расте, просечните плати веќе се намалуваат и сите економски показатели покажуваат дека Македонија влегува длабоко во рецесија.

-БДП за последниот квартал СДС за нешто повеќе од 100 дена успеа да го намали за 1.8 проценти. Тоа за граѓаните значи губење на своите работни места и основниот извор на егзистенција. СДС тоа го стори со наглото прекинување на сите капитални проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги предвидуваше за овој период, со единствена причина водење инат со својот политички опонент. СДС ја стопираше изградбата на автопатите, изградбата на клиничкиот центар во Скопје и голем број на училишта градинки низ целата држава во функција на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори. СДС и црната тројка, Заев, Анѓушев и Тевдовски со ова ја втурнаа Македонија во рецесија. СДС и покрај нереализацијата на ниту еден крупен капитален проект успеа да ја задолжи Македонија и потроши од девизните резерви нешто повеќе од 540 милиони евра. Пари на граѓаните, кои ги потроши за партиски вработувања и задоволување на апетитите на своите партиски послушници. Сето ова ја придвижи и инфлаторната спирала. За август месец според народна банка инфлацијата во Македонија изнесува 1.9 проценти. Ова за граѓаните значи дека тие плаќаат повисоки цени за основните потреби за живот, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението, покажа дека Македонија со правилни економски политики и мерки може да бележи раст на економијата дури и во услови на криза, ВМРО-ДПМНЕ покажа дека невработеноста може да се намалува, а просечната плата да расте.

-Ако СДС продолжи вака банкротот на државата е неизбежен, сиромаштија ќе расте, а најпогодени ќе бидат социјално ранливите категории на граѓани, оние за кои една Социјалдемократска влада најмногу треба да се грижи. Наместо за овие граѓани СДС се грижи за милионите на Заев и Анѓушев и зголемувањето на богатството на олигарсите блиски до нив, се наведува во партиското соопштение

Извор:Курир

 

  • Ознаки
  • ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Во прекин сообраќајот за товарни возила - АМСМ информира каде не се вози
Следна објава Во прекин сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Делчево
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 548
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 522
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 542
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

607
Маж на денот
Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

Sam Smith - Маженственост, преку најнежниот глас кој може да се слушне

1682
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.