Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од денешната прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Штип:
“Почитувани господа од СДС,
Па вие едно јавно претпријатие не можете да водите, а не цел град!
Вие 3 од вкупно 7 денови во Ноември, Штипјани ги оставивте без вода, а не да направите нова Филтер станица!
Вие во ек на пандемија не можете да обезбедите цистерни за критичните населени места, а не да обезбедите технички чиста вода за пиење како што ветувавте пред изборите!
Вие два цели дена Штип го оставивте без вода, а ги манипулирате граѓаните да излезат на гласање и да ви веруваат на овие Локални избори.
Дали знаете дека има луѓе позитивни на Ковид 19 и такви во изолација, стари и неподвижни лица, лица во социјален ризик и други категории кои ниту имаат можност, ниту средства да си обезбедат вода за домаќинствата?
Кој се грижи за нив?
Затоа бараме ОСТАВКА од директорот на ЈП Исар! Не е способен да отстрани еден дефект, а камоли да реши погорливи проблеми за граѓаните на Општина Штип. “