Во најновиот Алманах на светската поезија 4 – “Жамор речи”, со своите трудови го разубавуваат седумина Македонски автори.
Алманахот е спонзориран од Светската академија на поезијата од Равена.
Христо Петрески, Петко Шипинкароски, Веле Митаноски, Стеле Ковач Босилковски, Марина Икономова Шокева, Тоде Илиески, и Милена Златеска ( од македонската дијаспора во Пула, Хрватска) се дел од тој алманах.
“ Во време на светковината на книгата и списателството, особено ги поздравувам овогодишните лауреати од Македонија, Петко Шипинкароски и Веле Митаноски, добитници на признанијата за особен придонес во афирмацијата на поетската реченица .”
-изјавија од Светската академија на поезијата и претседател на Одделот за словенскиот свет.
Во оваа книга одбрани се трудови од 180 автори од 17 земји: Шведска, Германија, Црна Гора, Хрватска, Италија, Босна и Херцеговина, Македонија, Швајцарија, Словенија, Австрија, Канада, Франција, Австралија, Данска, Турција, Русија и Србија.


