Во текот на првиот круг од Претседателските избори во Општина Карбинци, катастрофално лошиот резултат за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски бил како последица на бојкотот на голем број членови и активисти на Општинската организација на власта во оваа преубава Брегалничка општина.
До нас пристигнаа информации дека со лошите политики кои ги практикувал Градоначалникот Јордан Насев и малиот учинок на реализирани проекти за граѓаните на Карбинци видно биле изреволтирани голем број на членови и симпатизери на СДСМ во оваа општина.
Незадоволството кулминирало кога Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски присуствувал на средба со граѓаните на Карбинци во текот на неговата предизборна кампања, самите членови и активисти посочиле дека нема да гласаат за кандидатот за власта и нивниот револт ќе го манифестираат преку бојкот на првиот круг.
Дополнително од граѓани во населбата “Нов Караорман” апстиненцијата на граѓаните за Стево Пендаровски била особено изразена а воедно иницирана поради активирани извршителски услуги за наплата на стар долг кој што граѓаните на овие населби го имаат кон институциите.

Од резултатите во изминатата недела може да се забележи разлика од безмалку 300 гласови во корист на Професорката Гордана Сиљановска Давкова, што за вака мала општина и не е така мала бројка.
За споредба Градоначалникот Јордан Насев во Карбинци во 2017 година ја освоил локалната власт со вкупно 1.390 гласови, што споредено со првиот круг во недела и освоените 699 гласови од Стево Пендаровски е огромен пад за довербата на граѓаните.