Општина Карбинци е една од првите општини кои што по превземањето на власта на последните локални избори од страна на градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе добие нова индустриска развојна зона.
Иако мала и рурална општината Карбинци со вистински менаџмент и утврдување и реализација на приоритетните проекти пополека се придвижува од нивото на стагнација во кое беше во изминатите 4 години.
Денеска градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов го најави завршувањето на изградбата на новата сообраќајна инфраструктура во индустриската развојна зона кај селото Таринци во општината, која ќе значи иден развој на локалната економија.
“Инфраструктурното уредување на индустриската зона Таринци е во финална фаза. Активностите продолжуваат наскоро со нов асфалт и комплетно завршување. “
-соопшти денеска Виктор Паунов- градоначалник на општина Карбинци пренесувајки преку фотографии за текот на работите на овој значаен инфраструктурен зафат за самата општина и за жителите на Карбинци.