Борбата со дивите депонии во општина Карбинци дава резултати. Како едно од основните политички ветувања на градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов беше определбата да ја исчисти територијата на општината од дивите депонии кои што го нарушуваат природниот амбиент на оваа рурална општина.
Денеска Градоначалникот Паунов објави дека е исчистена депонијата во атарот на с. Аргулица со што ова досегашно грдо петно на општината заминува во историјата.
Во насока на зачувување на почиста животна средина градоначалникот Паунов апелираше до сите граѓани да не го фрлаат ѓубрето на оваа и други вакви локации, за да се надмине досегашната пракса за постоење на дивите депонии на комунален смет низ општината.
“Ја затворивме и депонијата кај Аргулица.
Оваа јавна површина која се наоѓа на самиот пат повеќе нема да биде место за фрлање отпад.
Апелираме до населението ова место да не се користи за депонирање отпад!”
-соопшти Виктор Паунов- Градоначалник на општина Карбинци за јавноста.