„Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“ e мотото под кое ќе се одржи протестот на Независниот полициски синдикат во центарот на Скопје во понеделник 29.10.2018 година со почеток во 09.30 часот.
Протестот ќе започне на паркингот пред зградата на Македонската Радио Телевизија од каде со возила учесниците на протестот ќе се упатат пред Владата. Оддтука по 15 минутно задржување по булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе продолжат до улицата „Јордан Мијалков“ каде што ќе ги паркираат возила и пеш ќе одат до главната капија на МВР за да одржат прес конференција.
– Целта на организирањето на синдикалниот марш со возила е игнорантскиот однос на Министерството за внатрешни работи на чело со министерот во врска со неспроведувањето на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор на МВР на РМ во однос на репрезентативност на синдикат кој по сила ма закон има 20 отсто и повеќе членство на вработените,
велат од Независниот синдикат на полицијата.