На денешната прес конференција од Општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Штип ја обинија власта за ветувањата за поголеми капитални проекти кои наместо да се реализираат станаа капитални лаги на актуелните власти.
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Весна Ничева денеска ја прозва власта за лагите за изградба на карго авион, за канализациската и водоводната мрежа за штипјани, како и за лагите за нова Клиничка болница, нови инвестиции во ТИР Штип, како и за проблемот со се поголемото исселување на младите од Штип.
Во продолжение ја пренесуваме во целост нејзината прес конференција:
Штип не доби ниту карго аеродром, ниту водовод и канализација!
Ако на почетокот на 2018 СДСМ ветуваа дека наместо карго аеродром, Штип ќе добие канализациска и водоводна мрежа, на средината на 2019 нема никаква реализација на тие празни ветувања.
Министерот одеше и до таму да манипулира во јавноста со информацијата дека веќе е распишан тендер за избор на најповолен економски понудувач кој ќе гради во Општина Штип.
Но, како што веќе се навикнавме, оваа власт ниту знае да работи, ниту има капацитет да заврши еден единствен проект. Така, поради накадарноста во највисоките структури на власта, пропадна проектот за карго аеродром и трета година по ред штипјани се без нова канализација и водовод, проекти кои цело време се во најава, а уште не се отпочнати.
Но, Штип остана и без Клиничка болница, без нови инвестиции во ТИР зоната, но и без млади луѓе заради масовното иселување од градот.
Спиралата се одмотува, но во негативна насока за СДСМ. Во нивните лаги веќе не верува никој.
„Метлата“ на Заев очигледно беше само козметички третман. И покрај неуспехот во инфраструктурните проекти, министерот Сугаревски остана на кормилото на Министерството, а граѓаните останаа без ветените проекти кои ќе иницираа економски просперитет и намалено иселување од Источниот регион!