Во дебатна емисија на српска телевизија лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ зборувајќи за референдумскиот резултат во Македонија, истакна една историска невистина во обид да го омаловажи Народно-ослободителното движење на Македонскиот народ во борбата против Фашистичкиот окупатор за време на Втората светска војна.
Тој истакна дека “Србите ја ослободиле Македонија” алудирајки на периодот 1941-1944 година, што не соодветствува никако со историската вистина, заради општо-признатиот факт од меѓународната историска заедница дека Македонскиот народ на територијата на Вардарскиот дел од Етничка Македонија со сопствени сили ја извојува сопствената слобода без ничија помош.
Дополнително што потоа под влијание на Комунистичката партија на Југославија Вардарска Македонија беше втурната во идната ФНРЈ без право да се бори за обединување на целокупната своја етничка територија на Македонија, по што следуваше масовен погром и егзодус на Македонскиоот народ од Егејска Македонија.