Библиотека во Бразил која што го одзема здивот гледајки ја нејзината внатрешност. Ја содржи најголемата колекција на портигалска литература надвор од Португалија.
Кралската Португалска Библиотека која што се наоѓа во Рио Де Женеиро во Бразил е основана во 1822 година од тројца португалски доселеници а потоа во 1837 година од страна на неколку десетици политички емигранти била дополнително збогатена. Патувајки од Португалија во Бразил со себе понеле поголема количина на португалски книги со кои што сакале да ја промовираат португалската култура во Бразилската империја. Од 1900 година оваа дотогаш приватна библиотека станала јавна библиотека отворена за сите жители на Рио.
Библиотеката е дизајнирана од страна на португалскиот архитект Рафаел да Силва и Кастро во нов Мануелин стил и била изградена во период од 1880 до 1887 година. Бразилскиот император Педро II ги поставил темелите на новата библиотека во 1880 година а свеченото пуштање во употреба било направено од страна на неговата ќерка Прицезата Изабела од Бразил заедно со нејзиниот сопруг на 10 Септември 1887 година.

Во оваа библиотека е застапена најголемата колекција на португалска литература надвор од Португалија. Книжевниот фонд на библиотеката е околу 350.000 дела меѓу кои се наоѓа и првото издание на Лусиадс од Ками, манускрипт на една од комедиите на Мачадо де Асис и многу други. Секоја година библиотеката добива околу 6000 изданија од Португалија.
Овој значаен културен објект во својата внатрешност има поставено места за читање и е своевидна читална за вљубениците во литературата


