Група на граѓани самоиницијативно и неколку здруженија за денес во 19 часот пред зградата на општина Штип најавија протест против воведување на двојазичност.
Како што велат тие ова е чекор со кој ќе го искажат на демократски начин своето незадоволство од насилното гласање на Законот за јазици и со тоа воведување на двојазичност на целата територија на Р. Македонија.
Тие ги повикуваат сите граѓани на Општина Штип без разлика на нивната припадност да им се приклучат и на мирен и демократски начин да го искажат своето несогласување со овие штетни политики.