Институциите од областа на културата во Штип добија нови директори. Така за нов директор на Универзитетската библиотека Гоце Делчев е назначен Зоран Костовски. Костовски е познат на штипската јавност по тоа што во неколку наврати беше советник во Советот на Општина Штип, најпрвин како претставник од ВМРО-ДПМНЕ а подоцна и како претставник од ВМРО-НП. На последните избори Костовски реши да ја напушти љубовта кон својата идеологија и да ја поддржи онаа на неговите лути ривали односно СДСМ. Оваа поддршка очигледно сега вродува со плод и како награда добива високо директорско место. Костовски до сега работеше како одделенски наставник.
Домот на млади исто така доби нов директор. На оваа функција стапува Горан Трајков. На штипската јавност е познат како поборник за правата на текстилните работници и еден од водачите и организаторите на шарената револуција во Штип. Трајков реши да ги замени текстилните работници со директорска фотеља па оттука отворено со поставува прашањето дали сета онаа негова претстава како некаков борец всушност била лажна и се борел само за својот личен интерес. Како и да е останува на граѓаните да расудат за квалитетот и исправноста на овие нови кадровски решенија