Насмевките и сјајот во очите се најверодостојниот доказ за еуфоријата која зрачеше од бината во Сината сала.
80-на идни првачиња со игра и песна го заокружија првостепеното предучилишно образование во Детската градинка “Гоце Делчев“. Сплет од музички танци, песни, игри, фолклор, во комбинација со соодветна костимографија и кореографија, ги разнежија срцата на родителите, бабите и дедовците. Директорката Валентина Стојкова јавно ја изрази благодарноста за довербата и подршката од родителите, а синоќешниот јавен настап беше само потврда на наученото од градинката, но и одлична подлога за стартување на деветгодишното сновно образование.
ДРАГИ ПРВАЧИЊА, СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧИЛИШНАТА ЕРА ОД ВАШЕТО ДЕТСТВО!!!!!
-им посакаа на идните првооделенци од Општина Виница.



