Во анкета на Обединетата Македонска дијаспора спроведена во период од 6-ти до 18-ти овој месец на репрезентативен примерок од 1025 испитаници кои живеат во Република Македонија, испитаниците во огромен процент од речиси 85% се изјасниле дека нема да излезат да гласаат на претстојниот референдум.
Во анкетата која се состоела од 5 прашања поврзани со претстојниот референдум на 30-ти Септември 2018 година доминантно е негативното расположение кај испитаниците во врска со Преспанскиот договор како и воопшто промената на името на државата.
Во продолжение ги пренесуваме резултатите од оваа анкета:




