• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Halloween – празник на нечистите сили

октомври 31st, 2018 Магазин коментари 894

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Halloween – празник на нечистите сили

Halloween – празник на нечистите сили, кој нашите најмили и најмлади го одбележуваат во ноќта спроти 1 Ноември. Но за да можеме да ја разбереме суштината на ова безумно празнување, ние мораме да ги допреме неговите корени.

Празникот своите корени ги има уште во дохристијанската епоха, меѓу примитивните келтски пагани во регионите на Англија, Ирска и Северна Франција. Келтите верувале во раѓањето на живот после смртта. Почетокот на „новата“ година, на новиот живот воопшто, тие го одбележувале ноќта спроти 1 ноември, кога настанувал преминот од светлиот во темниот период. Тогаш го прославувале богот Самахин кој според нив, бил господар на смртта. Се верувало дека во таа ноќ душите на мртвите, коишто пребиваат во светот на темнината, студот и смртта, ги посетуваат домовите на земјата, претставувајќи се пред живите со ненаситен глад. И доколку душите на мртвите не биле смилостивени со приносите, тогаш гневот на богот Самахин ќе се излеел врз живите луѓе. Оттука и вкоренувањето на обичај во паганскиот свет, а и во современиот свет да се шетаат скитници за време на Halloween облечени во костими на ѓаволи, вештерки и слично, за да го претстават заедничарењето на светот на живите со задгробниот свет и нечистите сили. Подоцна, како атрибут на празникот се јавува светилник во вид на глава од тиква, со кој децата облечени во бело, ги плашат возрасните, кои, пак, се искупуваат со своите подароци.

Доаѓањето на Господ Исус Христос во светот донесе нов, свеж и позитивен поглед на сфаќањето за животот и смртта. Затоа Христијанските Отци, уште во првите векови се обиделе да ја исправат ваквата погрешна есхатолошка перцепција, и на паганското празнување му го спротивставиле празникот „Ден на сите Светии“, кој во својата суштина има сосема друга смисла. Во православниот свет тој се слави една недела после Педесетница, а во римокатоличкиот му претходи на Рождественскиот пост и се слави на 1 ноември. Инаку, празникот „Ден на сите Светии“ се поврзува со зборотHalloween, кој, пак, произлегува од зборовите All Hallow’s Eve – Вечер на сите Светии, или All Hallowed Souls Eve – Вечер на сите свети души.

Современото општество, за жал, понекогаш од недоволно познавање на христијанската традиција, паганскиот празник го поистоветува со римокатоличкиот празник„Ден на сите Светии“, и тоаод година во година оди сѐ подалеку и во ова собитие внесува антихристијански елементи преполни со секаква нечистотија. Не смееме да заборавиме дека некогаш на Запад, старите христијански народи невино се забавуваа правејќи контраст помеѓу лицата на своите деца и тиквите, со цел да ја символизираат Христовата победа над злото. Денес, пак, на истиот тој Запад злото се зацарува; и не ретко слушаме за секаков криминал, вандализам и неконтролиран терор кој е извршуван од тинејџерските банди за време празнувањето на Halloween. И какво добро може да се препознае во маските кои го изобразуваат нечестивиот? И што има позитивно во децата маскирани во вампири, вештерки и ѓаволи?

Самото празнување на Halloween е парадоксално. А парадоксот лежи во неговото одобрување од страна на образовните институции што му противречи на самиот (ако сѐ уште постои) морален и културен карактер на образованието. Современото општество, кое се претставува како атеистичко, а понекогаш и нихилистичко кон религијата, дозволувајќи го одбележувањето на ова собитие, внесува религиозни елементи во истото тоа општество: култот на смртта, олицетворение на смртта и духовите на злото. Но, немојте да помислите дека се внесуваат конструктивни религиозни традиции! Напротив, се внесува психолошко доживување на стравот и фобиите. Прифаќањето на Halloween значи да го претвориме крајот на нашиот земен живот во карневал чијашто парола наводно успокојува: „Ништо не е страшно, сѐ е смешно и весело и смртта не постои; таа е само едно преоблечено чудовиште, затоа продолжи да живееш според принципот: ’Собери од животот колку што е можно повеќе‘“. Светската постмодернистичка сцена затропа и на вратите од нашата земја. Популарниот актерски караван станува идол кој најмладите го обожуваат и подражаваат. За целата среќа, во нашава земја тој сѐ уште нема земено силен замав, но добро е да се погрижиме навреме да го спречиме ширењето на овој деструктивен духовен ураган, кој ги уништува детските души. А најсилен бедем и сигурна заштита во тоа се родителите, кои треба со сите расположливи сили да се спротивстават на ваквите појави, да ги одбиваат предлозите за „невините и весели детски забави“, па дури и тогаш кога тие се понудени од страна на образовните институции.

Времињата се сериозно променети, и на местото на невините (или речиси невините) семејни забави, дојде таканаречената забавна индустрија, која сѐ повеќе поприма мистични значења. Всушност, современиот Halloween е еден вид на бизнис проект, во којшто плитките и нечестиви трговци заработуваат на лекомислениот интерес на најмладите. Но најстрашното е во тоа што некои повисоки инстанции заработуваат на сигурната демонизација на детската свест, зашто ова собитие се восприема како пример за подражавање. Оваа антикултурна и аморална појава ја уништува психата на детето, кое доколку ја поддржува, неминовно ќе ги вкуси горките плодови на ноќните кошмари, немотивираната и неконтролирана агресија и „чувај Боже“ – самоубиствата. Да, бизнис проект во кој децата трошат пари за ѓаволските маски, а возрасните сѐ повеќе се заинтересирани за комерцијалната страна на празнувањето на Halloween. Тоа е цела трговска индустрија. Но тоа е трговија, во која топ производ е детската душа. Како врв на празнувањето на овој ден е прикажувањето на филмот „Ноќта на вештерките“, во кој едно момче, во пресрет на празникот ја убива својата шест годишна сестра и како резултат на тоа станува крвав манијакален убиец. И голема е веројатноста во иднина, многу млади луѓе, привлечени од демонската психологија на ваквиот тип филмови, да направат некој сличен потег.

Затоа образованието безусловно треба да се залага да ги воспитува децата во духот на конструктивната религиозна традиција. Спроведувањето на „невини и забавни“, а во својата суштина деструктивни школски активности во пресрет на празникот, се спротивни на основните културно образовни традиции кои грижливо биле негувани од страна на нашите предци. Кога тие би можеле да проговорат, а говорат во разумот и срцето на сите оние кои го почитуваат нивното дело, тоа вака би звучело: Нормалната религиозност исчезнува, а на нејзино место доаѓа комерцијалниот ужас, од каде што заклучуваме дека светот отстапува од Христа и почнува да му служи на мракот.

Извор: Православна Македонија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Додека Македонците не се кренат сите до еден, никој нема да се заинтересира за нив"
Следна објава Различни линии на разграничување во светот
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 780
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 628
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 712
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 768
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 775
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 732
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 741
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 668
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 755
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

743
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1947
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1463
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201820
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd, 202218
Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА
Македонска бесмртност

Никола Јонков Вапцаров: ИЛИНДЕНСКА

Авг 1st, 202116
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.