Професор Росоклија опиша еден добар пример за последните случувања во земјава, кои го етикетираат дел од македонскиот народ. Оној дел кој се радува на туѓите несреќи, на туѓите животни судбини и пронаоѓа задоволство во сето тоа. Моментално живееме во сеопшт државен хаос. Сведоци сме на закани,апсења, предавства , дволичност и слично. Росоклија објави термин и детално го објасни , сигурно многумина ќе се пронајдат.
“ Терминот опишува личност која наоѓа задоволство во несреќата на друг. Сосема е небитно дали тој друг ,,заслужено“ или ,,незаслужено“ е несреќен. Schadenfreude нас не опишува, зборува за нас, не за него или некого. Реалностa ја создаваме ние, секој од нас. За да уживаш во убаво треба да создаваш убаво. Никој нема да го создаде за тебе, никој нема да ти го даде. Ниту поединец ниту државата. Каков свет посакуваш, таков свет градиш и во таков живееш. Навидум живееме во ист свет, целата разлика е во нас. . .
*Schadenfreude е термин кој се употребува кога доживуваме задоволство во туѓата несреќа. Аристотел во ,,Никомаховата етика” за ваквото чувство го употребува терминот епикаирекакос (ἐπιχαιρέκακος). Во основа, луѓето со ниска самодоверба заради личниот животен неуспех, кога гледаат несреќни луѓе околу себе, самите себе се доживуваат поуспешни и се барем за момент позадоволни со сопствениот живот.”
– Напиша Росоклија.



