Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со своја лична порака го честиташе изборот на Фил Наумов за судија во Соединетите Американски држави.
Фил Наумов е американец по потекло од Македонија, чиj што татко Спиро е бегалец од граѓанската војна во грција, од каде пребега во тогашна Чехословачка, за во 1956 година повторно да се пронајде со семејството.
Во продолжение ја пренесуваме интегрално честитката на Претседателот Мицкоски до Фил Наумов

Почитуван судија Наумоф, Phil Naumoff for Common Pleas Judge,
Со особена чест и задоволство, во името на мојата партија ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам изборот за судија, искрено посакувајќи ваш понатамошен успех и просперитет, како на професионален така и на приватен план.
Во оваа пригода, би сакал да ја истакнам мојата особена гордост што еден Македонец се изборил со професионалните предизвици во компетитивно општество какво што е американското.
Би сакал лично да упатам покана до Вас, да ја посетите нашата држава. Сигурен сум дека имаме заеднички теми за кои што би разговарале и сфери од заемен интерес, кои што би можеле во иднина заеднички да ги истражуваме и реализираме
.
Денес Република Македонија се наоѓа на крстосница од која зависи нејзината иднина. Имаме моментум каде неодговорни политичари напаѓаат врз достоинството и честа на нашата држава, име кое сакаат да се смени, економија која се уништува, образовен систем во кој не се инвестира, здравство кое се уништува, култура која се запоставува.
Нашиот концепт, концептот на ВМРО-ДПМНЕ е да ја развиваме Македонија како земја на среќни граѓани, Македонија земја со силна економија, интегрирана и рамноправна со другите европски држави и народи.
Посакувајќи Ви добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, почитуван Судија, изразите на моето највисоко почитување.


