Репрезентативецот на Хрватска Лука Модриќ е новиот крал во светскиот фудбал, закитувајќи се со „Златната топка“, признание кое го доделува престижниот француски весник „Франс фудбал“ во Париз.
33 годишниот фудбалер на Реал Мадрид ги победи недостижните Кристијано Роналдо и Лијонел Меси во трката за оваа награда, кои 10 години беа несовладливи.
Наградата за најдобра фудбалерка и припадна на Норвежанката Ада Хегерберг, а за најдобар фудбалер во младинска конкуренција одбран беше Килијан Мбапе.



