• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

“Војводите” и “Комитите” најавуваат заедничка иницијатива за одбрана на татковината

декември 13th, 2018 Македонија коментари 1014

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
“Војводите” и “Комитите” најавуваат заедничка иницијатива за одбрана на татковината

Двете најголеми навивачки групи во Република Македонија-“Комити”-Скопје и “Војводи”-Тетово најавуваат заедничка иницијатива за одбрана на татковината.

Во прогласот кој што попладнето преку фејсбук го упати навивачката група “Војводи”-Тетово стои:

Велат дека македонскиот народ во моментов е поделен и уплашен, но време е сите ние да го докажеме спротивното, да го покажеме нашиот револуционерен дух и да се кренеме во одбрана на нашата татковина.
Овие се моменти и денови во кои се одлучува за нашата МАКЕДОНИЈА дали ќе опстои или ќе замине во историјата.
СО ВАС СМЕ БРАЌА КОМИТИ !
ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !

Овој проглас оди во поддршка на претходно упатениот проглас за кој што објавивме тука, со кој се алармира на “злоупотребата на платеници кои го продаваат својот род за грст грошеви,  за шака лажна надеж за подобро утре за себеси и своите чеда, а за сметка на нашите и ваши страдања.”

Целиот изворен Проглас на кој се однесува поддршката од страна на “Војводи”-Тетово го пренесуваме интегрално во продолжение:

Почекавме малку, за да не реагираме импулсивно и со тоа да испратиме погрешна порака, но наша реакција никогаш не изостанала, па така и ќе биде…
Нов режим го замени предходниот, повторно репресии, малтретирања, и повторно угнетувања врз Комити.
Не демне државната апаратура со целиот свој капацитет, со целата своја моќ (не)дадена во доверба од народот, а злоупотребена од платеници кои го продаваат својот род за грст грошеви, за шака лажна надеж за подобро утре за себеси и своите чеда, а за сметка на нашите и ваши страдања… 
Ја очекуваат нашата реакција, по можност да е што порадикална за да ја продолжат својата приказна започната од нивните предходници (а и тие од оние пред нив), дека сме збироштина без концепт, пијани хулигани кои не знаат каде тераат. Тоа се тие стереотипи, но кога ќе налетаат на организација која има став, која брани принципи и вредности, која знае што сака и како да дојде до тоа, тогаш стануваме опасни, вон контрола и непожелни, тогаш им недостигаат оние наивни Комити кои пеат националистички песни, пијани и дрогирани шетаат по улиците и прават проблеми…Замислете, како такви не гледаат! А кои се тоа они?
Профитерска влада клекната на колена чекајќи команда од оние кои ги поставија да бидат таму однадвор, се додека имаат употребна вредност, додека служат за туѓите интереси а против оние на својот народ…Опозиција која како дувло хиени го демне тронот занемарувајќи го фактот дека ја губи нацијата, фокусирани со животински инстикт да ја придобијат наклонетоста од странските господари и да докажат дека тие а не првите нечесници подобро ќе ги осигураат нивните интереси за сметка на Македонските, да добијат зелено светло да присвојат дел од нашето заради зголемување на нивното, да украдат што е можно повеќе од нашата чест за да имаат повеќе за себе, додека притоа тоне се она што се градело со децении, векови, милениуми…
Као, економијата е топ тема сега нели? 
Тоне сонцето со шеснаесет краци, слободен пад од небото до бесконечноста, а дното сеуште не е допрено, сеуште не се слушна тој пад кој треба да не отрезни…тоне и она со осум краци, во калта и црнилото кое се таложат од нивните измеќарски гардероби на скитници кои не знаат кои се и што се, а кои навидум изгледаат скапо и отмено…Се мирисаат со најскапите парфеми а смрдат на предавство, трула миризба на луѓе кои се распаѓаат, нивните лица се сушат пред чадот создаден од нагонот за пироманство да гори се што потсеќа на Македонија, Македонско, Македонци…
И повторно кутрите слуги на режимот по налог на олигархијата и предавниците вршат упади во нашите домови !
Што ли се обидуваат да пронајдат? А во иднина ништо чудно и да подметнат!
Мора да има причина зошто толку упорно си ја сакаме својата земја, тоа не може да е едноставно нагон на родољубие, да си го сакаме она кое го имаме, да мечтаеме за она што е наше а е одземено на неправеден начин, затоа што посилните така одлучиле…
Не, не никако тоа, мора да има причина…Мора да има некоја мрачна сила која не храни со зли намери за да бидеме толку упорни и при сите притисоци повторно да ни е природен само еден пат, патот кон самопочитта, патот кон вечноста кој не води преку ископаните ровови од нашите предци каде сеуште не е исушена крвта која ја пролеаа за да имаме парче земја кое можеме гордо да кажеме дека е наша, Македонска…
Тоа е нашиот пат браќа Комити, тоа е нашата судбина наши браќа и сестри Македонци и Македонки, одбрани сме да страдаме за својата земја, за своите, па дури и за оние кои сега не предаваат свесно и несвесно…Но нашиот пат е зацртан, нашите цели се јасни, плачот на нашите срца не може ништо да го смири освен целосна победа и прегазување на надворешните и внатрешни непријатели, компромисот тешко дека е возможен.
Зарем историјата не е прочитана? Зарем не знаат или не чуле за Комитите и Војводите? Зарем помислија дека оние кои заминаа на Мечкин камен веруваа дека ќе ја добијат битката? Колку се само наивни и мали…не научија дека тие тие свесно заминаа во својата смрт затоа што тоа беше единствената алтернатива на Слободата. Тие не можат да го разберат нашиот фанатизам затоа што не се препознаваат во нашата историја, не ги ценат своите предци и газат врз нивните мошти за да донесат и да ни продадат погрешни вредности, вредности кои за нас не значат ништо доколку ја нема нашата Македонија, онаква каква што ја имаме, онаа за која сонуваме, за која се будиме и легнуваме, за која дишеме, за која живееме…
Дигнете се браќа Комити, и бидете спремни да го одбраниме нашиот вечен идеал за Слобода, затоа што ако нема Слобода има само Смрт !!!
Во меѓувреме да ве прашаме, каде се набавуваат оние жолти елечиња?
#Отпор#ЗаМакедонија

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Кирк Даглас го прослави 102 роденден со 3 години помладата сопруга
Следна објава Ќе ги добијат ли своите права пожарникарите во Штип?
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

Кејт Аптон-модел и актерка со убавина која извира од душата

549
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2017
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.