Македонскиот пријател Маријана Петир за само 2 дена собра 11 361 потписи или повеќе од дупло од потребните 5000 потписи. Со ова Петир го обезбеди своето место на гласачкото ливче за изборите за европарламентот закажани за 26ти мај.
Маријана Петир својата кандидатура ја најави неочекувано пред самиот истек на рокот за кандидирање. Претходно хрватскиот премиер и лидер на ХРЗ Андреј Пленковиќ и понуди на Петир да биде кандидирата на листата на ХДЗ, но Петир ја одби понудата бидејќи не сакаше да се зачлени во ХДЗ.
Маријана Петир акако дел од Европскиот парламент е голем поддржувач на Македонскиот народ и не ретко сама се спротивставуваше на настојувањата на грчките европратеници за прашања поврзани со Македонија.
Во изминатиот период таа жестоко и со силни аргументи ја истакнуваше потребата за самоопределување на Македонскиот народ без никакви притисоци и закани од страна, со што се вбројува во редот на најголемите странски пријатели на Македонскиот народ.
Искрено се надеваме дека на претстојните избори за пратеник во европскиот парламент ќе успее да го постигне повторно својот пратенички мандат со што ќе ја продолжи својата борба во институциите на Европската унија.


