• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност
Историски личности

На денешен ден е убиен Тодор Паница-решителен и посветен борец за каузата на ВМРО

мај 8th, 2019 Историски личности, Македонска бесмртност коментари 1631

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден е убиен Тодор Паница-решителен и посветен борец за каузата на ВМРО

Тодор Паница е роден е во градот Орјахово на брегот на Дунав на 2 јули 1879 година во семејството на Никола Паница кој бил трговец од Велико Трново и Митанка Пелтекова – учителка од Свиштов.

Останува сирак и е одгледан од чичко си во Варна. Во гимназијата негов соученик е Михаил Даев – син на богати родители од Балчик. По завршувањето се враќа во својот град и формира социјалистички кружоци.

Подоцна, околу три години служи како кавалерист во армијата. На крајот на 1902 година бега од касарната и се вклучува во активностите на ВМОРО. Вработен е во четата на Никола Пушкаров што дејствува во Кумановско и Кратовско. Учествува во Илинденското востание како четник во Скопско во четата на скопскиот војвода Никола Пушкаров. По востанието се прибира во Варна. Во 1904 година Паница повторно заминал за Македонија и се вработил во четата на Драмскиот војвода и негов соученик – Михаил Даев. Одреден е за негов заменик, помошник-војвода на Драмската околија. Поради недостатокот на оружје во четата се вратил во Бугарија во 1906 година. Обезбедува 24 пушки и неколку пиштоли и таа постапка го прави херој. На вториот конгрес на Серскиот револуционерен округ во 1906 година, Тодор Паница е избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. На 31 јули 1907 година Даев и Паница го киднапираат полковникот Елиот, британски офицер, со цел да добијат откуп за него. За нивна несреќа се забележани и гонети од војската. Елиот успеал да избега, со револвер убива еден четник и тешко го ранува Паница и уште еден четник. Акцијата не е договорена со раководството на ВМОРО и неуспехот предизвикува остра критика. Во исто време, Тодор Паница се запознава во селото Калапот со учителката Екатерина Измирлиева и се венчава со неа на 17 мај 1907 година. Им кумува Михаил Даев. Свадбата на четник е против правилата на ВМОРО, што дополнително ја усложнува ситуацијата во четата на Даев.

По распадот на ВМОРО, Тодор Паница му пренесува на Сандански за тоа што го подготвувале Михаил Даев, Иван Гарванов и Борис Сарафов – заговор за неговото убиство. Така, на 10 октомври 1907 година, во целосна тајност Сарафов, Гарванов и Даев се осудени на смрт. За убиец на Сарафов и Гарванов е одреден Паница, кој требало да го откупи својот грев кон организацијата, бидејќи тајно се оженил. На 28 ноември 1907 година, Тодор Паница убива двајца од Задграничните претставници на Организацијата во Софија – поручникот Борис Сарафов и Иван Гарванов. Потоа заминува со возот за Варна и оттаму оди кај жена си. Таа е учителка во Несебар. Потоа пеш оди во Бургас, зема воз за Софија и потоа бега во Македонија. За таа постапка е осуден на смрт на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО во 1908 година.

Во времето на Младотурската револуција од 1908 година дејствувал заедно со Јане Сандански и Серската група која соработувала со младотурскиот режим. Се населил во Драма и зема активно учество во организирањето на Народната федеративна партија во Македонија и Одринско. Во 1909 година учествува со одред од доброволци против контрапревратот на Абдул Хамид II.

При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година тој е војвода на Драмската партизанска чета на Македонско-одринското ополчение, која учествува во ослободувањето на Неврокопско. Паница го одбранува преминот во Драмско, а делегација од Просечен му го предава градот, по што тој влегува во него со својата четата. Подоцна служи во првата чета на 14-та Воденска дружина. Во јули 1914 година, со закон изгласан од бугарскиот парламент, Тодор Паница е амнестиран во Бугарија за извршените убиства. Учествува во Првата светска војна во борбите кај Криволак, каде што е ранет и за хероизам е награден со крст “За храброст”.

По завршувањето на Првата светска војна, заедно со Димо Хаџи Димов и други прогресивни дејци, Паница работи на обединувањето на левите сили на ВМРО. Тој ги нуди своите услуги на владата на лево-ориентираните земјоделци на Стамболиски во неговата борба со ВМРО. Користејќи ја ситуацијата, тој гради структури на Македонска федеративна организација во Неврокопско. Кога во 1922 година групите на Тодор Александров го нападнале Неврокоп, Паница со неколку свои истомисленици дал силен отпор, но поголемиот дел од Федералистите се пленети и во пракса нивните активности се неутрализирани. Паница успева да избега во Грција заедно со Стојан Мишев, Григор Циклев, Стојан Чочков и други. По Деветтојунскиот преврат, одреден период живее илегално во Бугарија, а потоа тој се утврдува во Белград, од каде заедно со дел од Федералистите организира контрачети против ВМРО. Тодор Паница станува и советник на паравоеното Здружение против бугарските бандити. Во првата половина на 1924 година во Солун и Атина, Паница имал неколку средби со Елефтериос Ставридис, член на Комунистичката партија на Грција. На овие средби, меѓу другото, според спомените на Ставридис публикувани во 1953 година, Ставридис истакнал:

„Сандански, по потекло од Пиринска Македонија, им припаѓаше на таканаречените словеногласни Македонци. Тој тврдеше дека како што се ослободија од турскиот јарем грчката нација, српската и бугарската, дојде часот да се ослободи и македонската нација. За да Македонија стане цела и сосем независна држава, Сандански проповедаше дека сите жители, без исклучок, не се ниту Бугари, ниту Грци, ниту Куцовласи, макар и да зборуваат на македонски славјански дијалект како и самиот тој, или на грчки, или на куцовлашки идиом, сите жители на Македонија се чисти Македонци, потомци на античките Македонци на Филип II и на Александар… Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански, заедно со Делчев – протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари..“

А Паница рекол:

„Кој ви кажа дека јас сум Бугарин? Така мислите и вие, како што мислат и илјадници? Ние од ВМРО не сме Бугари! Ние сме Македонци! Мора утре да ви ги објаснам овие работи, задолжително, штом и вие комунистите на Грција нè сметате за Бугари! Треба да знаете дека нè навредувате кога ни велите Бугари!…Ние сме Македонци, ова сакам да го сфатите! Ќе ја задржиме Пиринска Македонија под наша управа, привремено, како што ја имаме сега, зошто Цанков не се осмелува да нè нападне. И подоцна, заедно со КПБ, и вас од КПГ и КПЈ, ќе се стремиме за автономија на цела Македонија, за да направиме наша држава, како што ја замислуваше и првиот наш водач Сандански“.[

Доколку Паница бил со бугарско потекло, а во она што останало од Сандански никаде нема таква изјава и имајќи предвид дека овие идеи уште не биле популарни дури и меѓу левицата на ВМРО вакви ставови не се потврдуваат од други извори Не е точно дека нема други извори.

Во 1925 година Паница се преселува во Виена, каде работи заедно со Димитар Влахов и се поврзува со круговите на Коминтерната и БКП. Учествува во подготовката на потпишувањето на Маjскиот манифест од страната на МФО и тврди дека обединување со ВМРО е невозможно, додека не се заменат лидерите. По неуспехот на Манифестот, убиството на Тодор Александров и братоубиствата е одреден за ликвидирање од Иван Михајлов. Во меѓувреме Паница го промовира и формирањето на ВМРО (Обединета).

Ванчо Михајлов по преземањето на ВМРО (Автономистичка) започнал да се пресметува со своите непријатели и неистомисленици. На неговиот список за ликвидација се нашол и Паница, иако бил далеку и надвор од Бугарија. Со убиството на Паница, Ванчо Михајлов сакал да го зацврсти својот престиж.

За таа цел тој ја искористил Менча Карничу, блиска до идејните чувства на Тодор Паница, на која ќе и вети брак само за да го ликвидира својот пријател. Менча Карничу, по потекло од Крушево, болна од туберколоза, се вовлекла во семејството на Паница, кое живеело во Виена и станала многу блиска со сопругата на Паница, Екатерина.

Планот за ликвидирање на Паница предвидувал тој да биде убиен на свадбата на Бумбаров, вооружен придружник на Паница, со Магдалена, сестра на Екатерина. Но, таа се откажала од ова дејство поради големото обезбедување. На 7 мај 1925 година во виенскиот Бургтеатар се изведувала претставата Пер Гинт.

Паница со својата сопруга и младоженците Бумбарови заедно со телохранителот Богатинов резервирале ложа во театарот. Планот бил кога на сцената ќе настапи моментот на потонувањето на бродот проследено со силна музика, Менча ќе пука во Паница.

Така и станало. Во потребниот миг таа го извадила пиштолот и со неколку куршуми го усмртила Паница. На судскиот процес во Виена таа е осудена на протерување од Австрија и заминала за Софија, а наскоро му станала и сопруга на Ванчо Михајлов.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Интересни факти за поп иконата Роби Вилијамс
Следна објава На денешен ден е роден авторот на првиот Македонски балет, композиторот Глигор Смокварски
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 529
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 889
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 915
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 565
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 567
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 798
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 585
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1005
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 537
Жена на денот
Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

Ова е Дева Касел- ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел. Дали со убавина ги надминува своите родители?

1604
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3042
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 779
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202237
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201924
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.