Групата е основана во 1991 година, а првата нејзина песна била „Нека љубовта биде вистина“
Во 1992 година, групата настапила на „Поп рок Фест“ во Скопје, каде што го освоила првото место и го снимила својот прв албум.
Албумот, насловен „Случајно тука“ бил прогласен за дебитантски албум на годината. По издавањето на албумот, групата настапувала низ Македонија, по што направила подолга пауза.
Ружица Милошеска Брчиоска (вокал)
Ивица Брчиоски (гитара)
Чеде Петрески (бас-гитара)
Горан Брчиоски (клавијатури) и
Владе Антески (тапани) се вратија на сцена.

Уживајте во новата песна на Групата „Ареа“ насловена „Те спомнувам“.
Песната е целосно авторско дело на Ареа со текст, музика, аранжман и продукција.
-Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот Пинк Флојд, под режисерската палка на Кристијан Шемко, велат од групата.


