• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин
Славни и Богати

На денешен ден почина иконата на светската панк рок култура

февруари 2nd, 2020 Магазин, Славни и Богати коментари 1237

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден почина иконата на светската панк рок култура

Во 1979 година во прославениот “Челзи” хотел во Њу Јорк трагично почина од предозирање со дрога светската панк-рок икона Сид Вишес (Sid Vicious).

Сид стана славен како басист на панк-рок групата Секс Пистолс (Sex Pistols). Оваа негова слава претходеше на неговото активно користење на дроги од најразличен вид, но претходеше и на средбата со Ненси Спунген (Nancy Spungen) која ќе стане неразделен дел од неговиот граток младешки живот.

Кратка биографија

Сид Вишес е роден како Џон Сајмон Ричи (John Simon Ritchie) на 10 Мај 1957 година во Лондон. Како “отпадник” од средно училиште неговиот “панк-рок” изглед беше забележан од Малком Мекларен, основачот на Секс Пистолс.

Откако бендот се распадна во 1978 година Вишес “заглави” во “Челзи” хотелот во Њу Јорк, кој во тоа време беше “прибежиште” на многу неконвенционални уметници, актери, музичари режисери…., заедно со неговата неразделна девојка Ненси. Нивната љубовна врска имала свои подеми и падови за да на крај заврши со убиство во неразјаснети околности на Ненси. За потоа да не помине долго време на 2-ри гевруари Сид Вишес да биде пронајден мртов исто така.

Почетоците

Сид Вишес е една од најмитолошките фигури на големата панк експлозија во 70-тите години на минатиот век. Тој стана познат по својот бунтовен карактер, секогаш на врв на нерви комбинирани со неговата суицидна природа и тенденции. Како тинејџер, познато е дека го напуштил средното училиште, за да се придружи на панк-духот кој во тоа време царувал по улиците на Лондон. Дих на анархија и бунтовност.

Со неговата бодликава фризура, непримерно однесување и одбојничко расположение, Вишес бил сметан за идеална фигура која би се придружила на тогаш водечката панк-рок група Секс Пистолс. Од страна на менаџерот на групата Малком Мекларен беше заменет оригиналниот басист Глен Метлок (Glen Matlock) во 1977 година, со Сид, иако новиот басист воопшто и не знаел да свири на бас гитарата. loading…

Ерата на Секс Пистолс

Мекларен ги создал Секс Пистолс во 1975 година. Една од водечките силе на панк рок-револуцијата и музика, бендот исполнувал кратки песни изразувајќи гнев и фрустрации против социјалните и политички околности во тоа време. За разлика од музичкиот израз на претходните генерации, групата немала интерес за создавање и продукција на хит песни, туку песни кои претставувале задоволство само за членовите на групата. Уште пред да се придружи Сид Вишес, Секс Пистолс беа познати како бенд кој умеел на креира “мешаница” и препознатливост на сцената.

За време на едно телевизиско интервју во 1976 година членовите на групата искажале толку многу погрдни и несоодветни зборови во преносот во живо што бендот веднаш добил отказ од музичката компанија за која снимале.

Потоа се разбира на групата се придружи Сид Вишес како најголема сензација на бендот. На синглот “Господе спаси ја кралицата” (God save the Queen), пеачот Џони Ротен (родено име Џон Линдон), ја навредувал кралицата Елизабета II, пеејќи дека “таа не е човечко суштество” и дека спроведувала “фашистички режим”.

Ова вознемирило многу британци, особено што во 1977 година претстоело одбележувањето на 25- годишнината од нејзиното монархистичко владеење.

Како резултат на овој склоп на околности бендот бил напаѓан на сцена и неможел да најде места за концерти ширум Обединетото Кралство.

Сепак Секс Пистолс успеале да продадат огромен број на аудио изданија на нивната музика, окобено ако се има предвид дека овој сингл бил забранет и многу дистрибутери одбивале да го продаваат нивниот нов албум кој следувал по синглот, насловен како “Never Mind the Bollocks, Here’s the Sex Pistols”.

Со ваквиот расплет на настаните, ова е тоа што им недостигало на панк-рок фановите кои во масовна бројка преку ноќ станале поклоници на музиката на Секс Пистолс и воопшто културниот идентитет на бендот.

Среќни времиња за бендот
Од лево на десно Johnny Rotten, Steve Jones (тој што потпишува), Paul Cook, Sid Vicious и нивниот менаџер Malcolm McLaren го потпишуваат нивниот нов продукциски договор пред Бакингамската палата во Лондон во март 1977 година.

Сид и Ненси

Истата таа година (1977) Вишес сретна американска девојка по име Ненси Спунген. Двајцата одеднаш станале неразделни. Таа го придружувала Сид на кратката северно-американската турнеја на Секс Пистолс во почетокот на 1978 година. Групата реализирача само осум концерти пред да се распадне. Овој распад на Секс Пистолс од една страна беше потхранет од прекумерното користење на дрога, но и од зголеменото ниво на межусебни несогласувања и конфликти кои вклучувале тензични расправии меѓу Ненси и останатите членови на бендот. Забележано е дека Џони Ротен го охрабрувал Сид да ја напушти Ненси.

По распадот на бендот Сид и Ненси поминале одредено време во Лондон пред повторно да се вратат во Њу Јорк. Претстојувале во споменатиот “Челзи Хотел”, каде Ненси во улога на менаџер договорила неколку концерти на Сид, но неговите изведби биле целосен дебакл, поради постојаното користење и дејство на дрога.

Двајцата за кратко време се обиделе да се исчистат од опијати, но пак завршиле под дејство на дрога што вклучувало хероин, барбитурати и синтетичка форма на морфиум.

Трагичниот крај

Во раните часови на 12-ти Октомври 1978 година надолната спирала на двојката го доживеала својот трагичен крај. Сунген била пронајдена мртва во бањата во Челси хотелот. Причина за смртта биле бодежи од нож кој што таа го подарила на својот партнер.. Сид Вишес бил пронајден во ходникот во целосна помраченост и амнезија предизвикана од дејство на дрога. тој цело време кажувал дека не знае што се случило и признал дека ја убил својата девојка. Вишес бил обвинет за убиство од втор степен.

По два дена бил ослободен со кауција, со пари обезбедени од неговата издавачка компанија. Целосно под влијание на смртта на Ненси, се обидел да се самоубие по напуштањето на затворот. По предизвиканата тепачка во еден ноќен клуб во Њу Јорк повторно завршил во затвор. Поминал седум недели во Рикер затворот. На 1-ви Февруари Сид повторно бил ослободен. При прославата на новостекнатата слобода во домот на актерката Мишел Робинсон Сид повторно завршил на користење на дрога.

Наредното утро бил пронајден мртов. 

Причина за смртта-предозираност.

Неговата ненадејна смрт само ја дооформила неговата слика за панк рок икона.

Неговата луда љубов со Ненси била инспирација за филмот “Сид и Ненси” од 1986 годинасо Гери Олдман како Сид во главната улога.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Долгот на општина Виница предизборно расте, обвинуваат oд ВМРО-ДПМНЕ ОК Виница
Следна објава Аларм за надлежните за состојбите во Подрачното училиште Гоце Делчев во Истибања
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 788
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 630
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 714
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 773
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 780
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 735
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 746
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 671
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 759
Жена на денот
Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

Дакота Џонсон- една од најатрактивните и најталентирани млади актерки во Холивуд

1087
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201920
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201819
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202018
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.