• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Закон за јавно обвинителство- Да, но не таков кој ќе го штити Заев од одговорност за направените злодела над Македонскиот народ

јануари 23rd, 2020 Македонија, Политика коментари 592

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Закон за јавно обвинителство- Да, но не таков кој ќе го штити Заев од одговорност за направените злодела над Македонскиот народ

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција ги образложи позициите на партијата во однос на предложениот Закон за јавно обвинителство од страна на СДСМ под раководство на Зоран Заев.

Христијан Мицкоски со свои јавно обзнанети аргументи на оваа прес конференција ги истакна своите неприкосновени заложби за почитување на Уставот на чии што одредби треба да се темели ваквиот закон кој што е од особена важност за Македонските граѓани во сите сфери на живот.

Обвинителско-судскиот систем е еден од носечките столбови на демократијата во една држава и оттука носењето на еден вака значаен закон во ограничени услови на дебата и временски рок може да му служи само на Зоран Заев во неговите обиди за избегнување на правдата.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Христијан Мицкоски во врска со оваа тема:

“„Економист“ го оценува владеењето во Македонија како хибриден режим. Исклучително поразителна оценка за владеењето на правото и правната држава. На чекор сме до она што се опишува како авторитарен режим во кој Зоран Заев ја втурнува државата, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

-И секако дека ова нема да го чуете во скапите спотови на власта, но граѓаните, сите до еден го живеат хибридниот режим на Заев. Тој режим ја одзема слободата, носи неправда и несигурност. Станавме земја во која кршењето на законите, селективната правда, узурпирањето на институциите стануваат редовен декор. А, сето ова заедно носи бенефит за Зоран Заев и луѓето до него, бидејќи секој поминат ден за нив значи повеќе пари, повеќе бизниси, а за граѓаните поголема сиромаштија.

И како се наближува 12-ти април, толку повеќе стануваат свесни дека се готови, дека губат. Но се и зголемува нивниот отпор кон промените кои ќе значат носење на правдата, создавање на независни институции, и соочување со законот, по што мора да има одговорност, без оглед, без исклучок за кого се работи и од каде доаѓа. Дали се слугите на Заев или е Заев и луѓето околу него.

Тоа е причината зошто има отпор кај Зоран Заев и Владата кон новиот закон за јавно обвинителство. Носењето на квалитетно законско решение би значело решение по кое Зоран Заев и неговата екипа ќе треба да одговараат и да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери. Токму затоа последниот кој има интерес во државата од квалитетно законско решение за јавното обвинителство е Заев.

И затоа се толку силно фокусирани кон опструкции, кон кочења на носење на квалитетно законско решение, но и наметнување на предлог закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта преку целосна контрола врз обвинителството. Зоран Заев е свесен дека нова аболиција како онаа во „Глобал“ не би поминала, и затоа сега е насочен кон решение кое ќе обезбеди заштита на криминалот преку контролираното од него обвинителство. Впрочем хибридниот режим на Заев сега сака закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите. Повторувам, хибридниот режим на Заев турка закон за обвинителство за амнестија на криминалот и неправдите.

Тоа за нас е неприфатливо и штетно е за државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ врз основа на интерно спроведената анализа но и екстерни консултации кои што ги направи со луѓе, кои што се еминентни и се професори на правните факултети ширум Македонија, адвокати, обвинители, и судии со искуства изработи забелешки кон она што сега го предлага СДСМ. И целта е да се направи вистински реформски закон. А, не закон кој што ќе биде заштитник на криминалот и на Зоран Заев по 12-ти април.

Повторно предлагаат формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство.

Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски.

Но да одам по ред со дел од забелешките на предложениот закон. Се одлучивме на ова јавна транспарентна прес конференција затоа што не сакаме да има лажно брифирање од страна на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ кочело, дека ВМРО-ДПМНЕ заштитувало ваков или таков криминал. Имајќи предвид дека сите оние кои што на ваков или таков начин му слугуваат на Зоран Заев, нивните случаи почнуваат од почеток и се враќаат на почеток, или пак се наоѓаат некаде на дното на приоритетите кај обвинителите и судовите. Затоа сакавме вака јавно и транспарентно да направиме една анализа за тоа што го сработи ВМРО-ДПМНЕ во консултација со внатрепартиските потенцијали со кои што располага и екстерните консултации за кои што зборував.

  1. Начелото на единственост на јавното обвинителство, утврдено во Уставот, не дозволува основање и укинување на „други паралелни обвинителства“ како што предлага СДСМ. Оттука, членот 24 за формирање на такви обвинителства е противуставен. Се сеќавате оние истите кои што пред неколку недели имаа уста полна за противуставен предлог сега доставуваат во неколку членови токму таков противуставен предлог.
  2. Чл. 26, став 2 не води сметка за уставното начело на двостепеност во заштитата на правата на јавните обвинители.
  3. Став 5 од членот 26 доведува до нееднаков третман на јавните обвинители. Не се јасни причините зошто Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство.
  4. Ставот 2 го крши принципот на хиерархија кога вели дека Јавното обвинителство без согласност на ЈО при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не може да преземе кривично гонење или вршење на одделни работи за кои е надлежно ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција или да овласти друго ЈО со овој став повторно се прави паралелизам во ЈО слично на она како што беше со СЈО, односно ЈО е главен и највисок орган во рамките на државното јавно обвинителство само кога тоа ќе му го дозволи ЈО при ОЈО за организиран криминал?!
  5. Изборот на јавен обвинител го врши Собранието како политички орган по предлог на Владата и по прибавено позитивно мислење на Советот на јавни обвинители, па според тоа изборот е политичка проценка и одлука на одредено мнозинство во Собранието. Лицето кое би било предложено треба да е од поширока компетентната правна фела, а за таква треба да се вклучи и научната и стручната универзитетска фела, од редот на редовните професори по право кои се избрани на предмети од правосудна област. Тоа во текот на минатогодишната рунда на преговори односно минато месечните рунди на преговори веќе беше договорено но повторно се враќаат на почетната позиција. Дали од немарност, од невнимание, или воопшто некој не го ни погледнал предлог закон кој што го доставиле.
  6. Со решенијата на членовите 63 и 64, пренагласена е улогата на Советот на јавните обвинители во селекцијата на предложените кандидати преку т.н. претходно позитивно мислење за одреден кандидат за да истиот биде предложен од Владата. Односно тоа како би изгледало во пракса, Заев би нарачал, а Јовевски би испорачал. Терминот „мислење“ нема правно обврзувачка сила. Од решенијата, произлегува дека без претходно позитивно мислење, Владата нема да може да предложи кандидат и огласите да се повторуваат до бесконечност, што претставува правна замка од која нема да може да се избере нов Републички обвинител од страна на новото Собрание.
  7. Со решението кое СДСМ го предлага доаѓа до неможност новата Влада да предложи, а новото парламентарно мнозинство да го разреши Републичкиот јавен обвинител односно постојните политизирани и компромитирани решенија да бидат зацементирани во иднина. Затоа зборував и во претходната точка.
  8. Во поглед на платите, согласно член 102 јавниот обвинител од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е привилигиран, односно неговата плата е за 5% помала од платата на државниот јавен обвинител, а платата на другите јавни обвинители е како онаа на јавен обвинител на вишото јавно обвинителство. Дополнително, членот 103 остава простор за продолжување на лошата пракса да се доделуваат додатоци како на пример: додаток за посебни услови за работа, додаток за висок ризик и додаток за доверливост, се разбира покрај високите плати на јавните обвинители во кои се вградени и горенаведените ризици. Хипокризија е да се купуваат нештата кои се нормални во вршењето на оваа функција. Практично ќе ни се повтори истото она кое што се случуваше во СЈО, овие обвинители да си делат месечни хонорари по неколку илјади евра или тоа на годишно ниво да биде неколку десетици илјади евра надвор од законот. Односно со овој закон сака да се озакони она кое што како кривично дело беше правено во рамките на СЈО кога се трошеа народните пари.
  9. Членовите во преодните и завршните одредби се противуставни и се во директна колизија со законот за кривична постапка од причина што тој закон не го познава незаконското следење на комуникациите, а уште помалку т.н. кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па оттука невозможно е обвинителството да ги интегрира тие дела во делокругот на својот прогон.

Очигледен е очајничкиот потег на предлагачот да ги озакони незаконските постапки на актуелниот републички јавен обвинител кој незаконски, но фактички ги внесе овие постапки во делокругот на работата на јавното обвинителство. И со овој закон практично во тек на постапка се сака да се озакони она кое што незаконски беше направено односно преносот на процесите од СЈО во редовното ЈО. Да бидеме на јасно закон со кој што ќе се амнестира криминал ниту преговарам, ниту пак прифаќам.

Ова не е закон кој треба да донесе правда, туку закон со кој се сака да се заштити хибридниот режим на Заев. Со ваквиот антиевропски закон со кој не се почитуваат ниту мислењата на релевантните меѓународни тела, впрочем Заев ја оддалечува земјава од европскиот пат.

Ние тоа нема да го дозволиме, и нема да наседнеме на очајничките обиди на власта во заминување да избегне одговорност. Ние нашите забелешки ќе ги доставиме и доколку власта е вистински подготвена да се откаже од своевидна амнестија и посакува независно обвинителство кое исто така нема да амнестира слуги на Зоран Заев, ќе ги доставиме и доколку навистина тие имаат чесна намера подготвени сме да седнеме и да преговараме. И тоа веднаш кога тие ќе бидат подготвени да се откажат од оваа нивна цел.

Македонија мора да оди напред и не смее да создава обвинителство кое ќе биде слуга на политичките интереси на Заев туку да биде слуга заштитник на законите, Уставот и правдината.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Крум Николовски: ОТПАДНА НАЦИЈА
Следна објава Штипјани со СДСМ извисија за гасоводот.Остана само филуваната приказна за гасификација
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 725
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 654
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 680
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1333
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 612
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 707
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 375
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 467
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 687
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2805
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1977
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот
Регион

Општина Кочани работи на ревитализација на повеќе јавни простори во градот

Авг 26th, 202220
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201920
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201920
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.