Како министер за внатрешни работи но и како граѓанин сакам јавно и на овој начин да упатам голема благодарност до сите мои колеги, полициски службеници, кои што во оваа актуелна и серозна состојба на глобална пандемија, крајно одговорно, совесно и доследно ги извршуваат сите зададени задачи и насоки за дејствување во кризна состојба, давајќи огромен допринос во реализација на сите мерки за здравствена превенција на нашите граѓани.
Таквата посветеност, па дури и жртва импонира. Горд сум на моите колеги исто како и на сите мои сограѓани за свесноста за моментот, за кооперативноста, за разбирањето и подготвеноста да се делува.


