• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Гордана Силјановска: До кога партиите ќе лажат со една програма пред избори а после ќе спроведуваат друга програма?

август 7th, 2020 Политика коментари 725

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Гордана Силјановска: До кога партиите ќе лажат со една програма пред избори а после ќе спроведуваат друга програма?

АА, МАЈКАТА… пак згрешив, ама се извинив
Ќе сфати ли водството на СДС, или, ќе му каже ли некој добронамерен дека од 2016 е на власт? Свесно ли е дека сегашнава Влада сеуште е негова?

До кога, наместо институционален одговор од надлежните министерства на забелешките и критиките од ВМРО-ДПМНЕ, или од другите опозициски партии ќе добиваме партиски контрареакции, со ботовска придружба? Демек, на партиско соопштение со партиско соопштение.

Зарем не се свесни дека итната партиска контрареакција на секоја реакција на ВМРО-ДПМНЕ е ноторна потврда за ДРЖАВА-ПАРТИЈА, за партиска држава, односно доказ и показ на партитократијата како лош/извитоперен, недемократски облик и изблик на владеење?

Знае ли СДС дека опозицијата, како влада во сенка, има демократско право да реагира на погрешните политики , акти и активности на Владата на СДС?
Ќе се одважи ли некој просдмовски настроен човек, но учен и храбар, да им каже на министрите дека Владата треба да им служи на сите граѓани, па и на оние кои ја критикуваат, а не да биде партиска креатура и олигархиска машинерија (Острогорски, Михелс).

Ќе осознаат ли медиумите дека е неетички и нелогично да се објавуваат контрасоопштенија на партијата на власт, наместо одговор од надлежните институции?

Која е логиката на „веста“ што не кореспондира и не комуницира со критиката против Владата или министерствата, туку, посега по времеплов и завршува со: „а во ваше време“?

До кога партиите ќе победуваат со една програма, а ќе спроведуваат друга, лажејќи не, навредувајќи не и потценувајќи ја нашата меморија?

Зарем не е нечесно и политички неодговорно, наместо да се зборува за актуелното покачување на цената на струјата, од кое зависи преживувањето на огромен дел од популацијата, партиски да се пренасочува народното внимание кон минатото, наместо да се решава горечкиот егзистенцијален проблем, што е надлежност и обврска на сегашната, а не на некогашната власт.

Се разбира, кога живеете во друг свет, оддалечен од вистинскиот, наместо со широко отворени, „гледате “ со затворени очи . Како инаку европскиве госпоѓи и господа не видоа дека сите граѓани, па и македонскиве, очекуваат помош, погодени/покосени од Корона 19 вирусот, а не ценовен гром од 7, 4 %?
Зошто, по кој знае кој пат ги заборавија синдикатите, иако, според идеолошката определба би требало да се блиски до нив? Не е доволно да се сликате пред кафеана „ Синдикат“ за да станете синдикалистка? Беатриса Веб не глумела синдикализам, туку го живеела.

Не е ли хипокризија и цинизам Регулаторната комисија да не „ теши“ дека не спасила од 25% покачување, побарано од енергетските компании, односно се изборила за „само“ 7,4% раст на цената на струјата?

Чиј интерес доминира : личниот и профитниот, или јавниот и народниот? А ветувањето дека нема да дозволат зголемување на цената на струјата и нема да го гледаме вмроовскиот филм?

Има ли едно ветување кое што СДС не го прекрши или заборави? Не , нема, има само СДС АМНЕЗИЈА за многуте ветувања, избришани со политичката гума.
Ама, мнозина помнат што ветивте, а што сторивте.

За наша среќа и ваша несреќа, сеуште има ГРСТ бунтовни, критички новинарски пера, кои ве потсетуваат во наше име, ама вие , како и оние пред вас, заборавате дека политичарите мора да одговараат и на тешки прашања, а не само на договорените, па, налутени , им се нафрлате, а по реакциите на новинарската фела, се извинувате.

Мандатот ви помина во младешка игра на синџир на грешење и извинувања!
Во демократски политички систем, нормално е носителите на власта да бидат повеќестрано и длабински набљудувани и критикувани. Обратно, во авторитарните режими, власта си дава за право да ја набљудува и критикува опозицијата и да ги дисциплинира љубопитните и истражувачки ориентирани новинари, етикетирајќи ги како проопозициски, антивладини, па и антидржавни непријатели („ Алфа“: Заев, Кузеска-бивша новинарка)!

Но, непослушни и СВОИ новинари имало и ќе има, оти не се сите новинари љубители на баклава, подготвена или послужена од власта.

Занесени во енормната моќ, опиени од купените фалби, опуштени од благословот и благоспевот на дежурните кербери, со отапени умови и сетила за проблемите, не поднесувате укажување дека сте ГОЛИ! Опкружени со камелеони, импровизатори и лоши актери, толку се занесовте, што поверувавте дека навистина заслужувате Нобелова награда за вашиот “beautiful mind”, не сфаќајќи дека признанијата се Тројански коњ за наивни политичари, слаби на европски комплименти.

Така, наместо да созреете, вие се инфантилизиравте во духот и чувствата. Страдате од синдромот на Доријан Греј! Да се опкружевте со скептичари, ќе учевте и политички ќе порасневте. Тогаш полесно ќе увидевте дека нема(те) полза од алчни, нечесни , самобендисани, „европски“ новинарски конформисти, туку од искрени критичари со уверување.
Да не беа неколкумината новинари – мускетари, или малкуте „осило“ портали, да имавте минимум демократска свест, сами ќе ја стимулиравте нивната појава, ќе „ги измислевте“, за ваше и за наше добро, наместо да измислувате државни непријатели, да ги сатанизирате и гоните по судови.

Ама, фрустрираните, самобендисаните и искомплексирани политичари имаат насушна и непресушна потреба од обожаватели, па креираат гламурозни, „елитистички“, елегантни, екстравагантни медиумски фабрики како 1ТВ, за да изгледаат „европски“ и кога звучат малограѓански, но и рој од порталски тезги и „независни“ проекти за брза и сомнителна информативна храна за широка потрошувачка.

Ќе доживееме ли власт за која добронамерните критичари се добредојдени државотворен и демократски фактор? НИКОЛА МЛАДЕНОВ го замислуваше и практикуваше „Фокус“ како непријател на секоја власт!

За среќа, во пл(УРА)лниот медиумски простор сеуште има ЛИЧНОСТИ кои власта не ги сака, но ги почитува и потајно ги чита и слуша, а од нивната појава, глас и збор – се плаши,а исплашен човек, погрешно реагира. Тие се доказ дека без знаење и ум, без демократски порив, без емоции нема демократска имагинација, а камоли креација и акција.

Да не се тие не ќе се правеше разлика меѓу пишување заради пишување, пишување заради обрска, заради привилегија, заради пари, пишување и зборување од закана и страв, заради додоворување и ПИШУВАЊЕ во одбрана на правото, правдата и демократија, пишување заради вистината, пишување од љубов и страст, пишување заради слободата на мислата и изразувањето и ПРАВОТО НА ИНФОРМИРАЊЕ.
Ааа, мајката…. ПАК СЕ ИЗВИНИ, призна дека згрешил по кој знае кој пат….. ама НЕГОВИТЕ ќе му кажат дека не згрешил и тој пак ќе си греши …

Лек? Да се соочиме со грдата реалност. Да признаеме дека (не)македонцките работи се до балчак. Наместо да гласаме и коментираме да се занимавате со политика за таа да не се занимава со нашите животи.
Политичкиот простор е узурпиран од просечни и потпросечни ликови за кои политиката е: „кој, кога и како добива (Харолд Ласвел) во битката за (а)локација на вредностите (Дејвид Истон).
Кога го прашале еден мудар човек која е смислата на животот, тој одговорил: знам дека смислата на мојот живот е да се обидам да им помогнам на другите, ама не знам која е на ДРУГИТЕ!

-Фејсбук статус на пратеничката Гордана Силјановска Давкова.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Здраво Клинички, ти ли си? За пловните кануа кај е паркингот?
Следна објава ВМРО-ДПМНЕ до градоначалникот на Виница: Дали ќе повикате телевизии да кажете за расходите за репрезентација во корона кризата?
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 416
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 732
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 594
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 535
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 654
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1991
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 574
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 703
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 561
Жена на денот
Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

Бри Ларсон (Капетан Марвел) се прави важна во совршено скроен фустан

1959
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1694
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1475
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201919
Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"
Регион

Иванка Ина Василевска ја нарече Фатиме Фетаи "простачка од рангот на Цеца и Драгана Мирковиќ"

Окт 9th, 201817
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.