Сателитски фотографии на кои се гледа како кинеска нуклеарна подморница влегува во подземен тунел во воената поморска база “Јулин” во областа Хаинан во Јужно-Кинеското море, фрли големо загрижување во светската јавност. На социјалните мрежи општо но и на специфични воено-безбедносни форуми се разви особено интересна дебата за ваквата воено-стратешка моќ која што се држи во тајност од страна на кинеските комунистички власти.

Ретките сателитски фотографии кои што се снимени на 19 август од страна на Планет Лабс и пуштени во јавност од страна на Американската влада прикажуваат Вид 093 нуклеарна подморница која што е во рацете на Ослободителната поморска армија на кинескиот народ како влегува во подземен тунел во стратешки важната поморска база Јулин.
Ваквите фотографии се особено интересни и загрижувачки затоа што на сателитските фотографии не се забележуваат други подморници на приказот од сателит на оваа стратешка воена база. Јавноста е во дилема каде навистина се наоѓаат останатите подморници кои што би требало да бидат во пристаништето на самата база.
Базата Јулин лежи на околу 300 милји северозападно од Хонг Конг и е центар на флотата на нуклеарните балистички подморници кои што се круцијални во т.н. втор ударен бран на Кинеските воени власти како одговор на било која закана кон режимот во Кина. Базата исто така лежи на линијата на разграничување на територијалните води на Кина со проблематичните водени територии во Јужното Кинеско море чиј територијален интегритет не е дефиниран во однос на разграничувањето на Кина со соседните земји Брунеи, Индонезија, Малезија, Филипините, Тајван, Виетнам.
Финансискиот раст на Кина доведе и до пораст на нејзината воената моќ на меѓународен план што дополнително внесе нервоза и тензии на ривалите на овој регионален и геополитички џин.


