Еден од иницијаторите за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ со цел за смена на Христијан Мицкоски од Претседателското место во партијата низ евоцирање на спомени соопшти дека тој како дел од ВМРО-ДПМНЕ победувал 10 пати по ред.
Но притоа не успеа да каже додека ВМРО-ДПМНЕ победуваше на избори 10 пати по ред, на кои други партии тој беше функционер кој што ровареше против тие победи на ВМРО-ДПМНЕ- партија со која тој денес сака да се поистоветува.
„ВМРО-ДПМНЕ и членството на нашата партија знае како се победува. Ние победувавме дури 10 пати во низа до пред извесно време. Таа низа е прекината од доаѓањето на Мицкоски на чело на партијата. Ние сметаме дека мора да има одговорност. Одговорноста ќе дојде со повикување од наша страна за вонреден конгрес – утврдување на последиците, односно зошто се загубени изборите и избор на ново раководство и претседател“,
-соопшти Филип Петровски денеска од пред Македонското собрание.


