Во вчерашното т.н. експозе Зоран Заев во насила и противуставно узурпираната улога како мандатор за составување на нова влада најави дека Македонија ја очекува тешка криза во наредните неколку месеци.
Какво достигнување на кандидатот за премиер на се уште неседнатите во фотелји министри кои најавуваат криза уште од сега?!?
Во врска со оваа најава на себепромовираниот премиер кој уште неседнат во фотелја најавува криза во државата во јавноста свое соопштение упатија од ВМРО-ДПМНЕ.
Истото го пренесуваме во продолжение:
“Зоран Заев и СДСМ ги изманипулираа граѓаните пред избори. Во јуни Заев вети 36.000 денари плата, сега од собрание ретерира и вели 34.000 денари.
Граѓаните нема да добијат ниту 36.000, ниту 34.000 денари плати, исто како што не добија 30.000 денари плата, која Заев ја ветуваше уште во 2016 година.
Заев вчера и призна дека нема план како да ја води државата.
Заев и СДСМ не ги ни спомнаа земјоделците, пензионерите и многу други категории на граѓани кои ги лажеа пред избори.
Заев вчера најави крах.
Заев најави криза од есен. 6 – 8 месеци тежок период за граѓаните и економијата. Тоа е се заради неговата неспособност.
СДСМ не беше во можност да се справи со првиот бран на коронавирусот и позајми над 1 милијарда евра, за кои никој не знае каде завршија. А сега прогнозира уште потешка криза и тоа која ќе трае подолго од првата. Кига за првата потриши 1 милијарда, колку ќе потроши за втората?! И кои ќе бидат последиците врз економијата?!
Заев само не тоне како држава. Хаосот ќе продолжи, исто како и криминалот, корупцијата, рекетот и сиромаштијата.”
-стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


