Во општините во Брегалничкиот регион пандемијата со Ковит 19 никако да се сведе кон помал број на заболени граѓани.
Заклучно со денешниот ден во општините во Источно-планскиот регион од страна на Венко Филипче се изброени 2278 пациенти што од вкупниот број на заразени кој изнесува 18.602 е 12%.
Од нив заклучно со денешниот ден активни се 426 граѓани.
Општината Кочани е убедливо со најмногу активни случаи од заболени пациенти со Ковит 19 чиј што број изнесува 183.
Потоа следуваат општините Делчево и Македонска Каменица (заедно) со вкупно изброени 83 пациенти. Следува Штип па Берово на листата.
Бројот на заразени и активни случаи во општините во Брегалничкиот регион е следна:
- Штип 1275, активни 60
- Кочани 403, активни 183
- Делчево 167, активни 83 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Берово 122, активни 46
- Виница 119, активни 30
- Пробиштип 117, активни 20
- Пехчево 45, активни 4
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани на територијата на цела Република Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18602, бројката на оздравени пациенти е 15264, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2585.


