Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на социјалните мрежи се пофали дека околу неговата родна Крива Паланка се градат 110 км патишта.
На ваквата негова објава реагираше доскорешниот ген-сек на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој му порача на Николовски дека секој асфалт поставен во Македонија е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ а власта на СДСМ наместо патиштата изградени од ВМРО-ДПМНЕ треба да почне да гиброи километрите поминати со мерцедесот што ќе го продаваа.
Во продолжение ја пренесуваме целата реакцијаја на Игор Јанушев упатена преку социјалните мрежи:
“Освен километри со мерцедесот (оној што ќе го продаваа) што направија, метар асфалт не видовме за 4 години. Срамно и за греота. Ако не знаете како, прашајте не, секој асфалт ставен во Македонија е од ВМРО-ДПМНЕ.
110 км пат околу Крива Паланка? Крива Паланка ли е, Њујорк ли е???”


