Откако во јавноста протекоа информации од странски новинари дека и покрај глумата на државниот врв предводен од тројката Заев, Пендаровски и Димитров дека нема преговарање за Македонските идентитетски одредби а пред се Македонскиот јазик, на највисоко ниво е кренат алармот во државата помеѓу јавноста дека задкулисно се случува уште едно предавство на Македонските национални интереси од страна на актуелната власт.
Во тој контекст оди и првичното избегнување на пратениците од парламентарното мнозинство на дебатата во парламентот која што иако беше закажана минатата недела, заврши со избегнување на соочување на Димитров со пратениците.
Истовремено за можното веќе договорено предавство сведочат и зачестените изјави на државниот врв со збунувачки изјави во јавноста по однос на ова прашање.
Во врска со веќе договорениот нон-пејпер кој што се крие од Македонската јавност денеска реагираа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција од партиското седиште.
Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ.
Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин.
Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста.
Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори.
Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата?
Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?
-реагираше Димче Арсовски од партиската говорница кој притоа дополни дека главниот мотив за ваквите политики на Зоран Заев е што е можно подолго да се задржи на власт за да може да украде што е можно повеќе пари од граѓаните..
Целата прес конференција погледнете ја во продолжение:


