Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку свое видео обраќање доцна попладнево најави за утре (вторник 01.12.2020 година) блокада на сообраќајот во центарот на Скопје на две локации пред Владата и пред Министерството за надворешни работи.
Тој накратко ги образложи причините за ваквиот начин на практикување на улична демократија при што им се извини на скопјани за сообраќајниот метеж кој може да се создаде во таа прилика.
Овие протести следуваат по се поочигледните најави за извршеното предавство на Македонските национални интереси од страна на Зоран Заев во контекст на Македонско-бугарските односи.
Погледнете го во продолжение обраќањето на Мицкоски по овој повод:


