Со 62 пратеници “ЗА” синоќа во Македонското собрание беше изгласан Буџетот од страна на владеачките СДСМ+ДУИ+БЕСА+ДПА.
Катастрофално лошото економски владеење во изминатите 4 години а особено во последната 2020 година во која што државата го допре најдлабокото дно на економско тонење со овој документ ќе продолжи да тоне во слободен пад под палката на Зоран Заев.
Претениците на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ остор се спротивставија со голем број аргументи за штетноста на овој буџет а пред самото гласање на Буџетот ја напуштија парламентарната седница.
Во Буџетот доминантен е фактот на огромната буџетска дупка на расходите во однос на приходите која што аналогно на неспособноста на планирање на актуелниот владин тим надлежен за планирање на Буџетот во минатите 3 години повеќе од евидентно е дека ќе се зголемува дополнително.
Партизацијата и бруталниот поткуп на гласачи во очи на избори како појава која беше присутна во изминатите 2 години дополнително се продлабочува со овој буџет, а капиталните расходи се на значајно ниско ниво без технички околности кои што гарантираат нивна реализација и такви како што се димензионирани со овој Буџет.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од собраницката говорница во кратки црти ги разобличи сите штетни елементи на овој Буџет кој што според опозицијата овозможува понатамошно тонење на Република Македонија.
“НИЗ БРОЈКИ И ФАКТИ ОБЈАСНУВАМ КАКО СЕ ТРОШАТ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ И КАКО ВЛАСТА НА ЗАЕВ ГИ КРАДЕ ГРАЃАНИТЕ.
• Приходите во буџетот се нереално проектирани
• Планот на расходите не рефлектира развојна димензија
• Буџетот нема одржливост
• Нема капитални проекти
• Здравството не е фокус во буџетот
• За само две години Владата и Заев ќе ги задолжат граѓаните за над 1 милијарда и 600 милиони евра
• Проектираниот дефицит на буџетот за само една година ќе изнесува 568 милиони евра
• Во 2021 година владата на Заев ќе потроши рекордни 510 милиони евра за плати на администрација
• Владата ќе потроши 347 милиони евра за стоки и услуги. Прашањето е каде ќе одат овие 347 милиони евра за кои генералниот секретар на Владата има дискреционо право како ќе ги потроши.
• Средствата предвидени за здравствена заштита се непроменети во однос на 2020 година. Во услови на сериозна здравствена криза нема зголемување на инвестициите во здравството.
• Во ставката „други трансфери“ се предвидени рекордни 641 милион евра. Со 50 милиони евра се гради нова болница во Република Македонија, оваа Влада ги троши за „други трансфери“ . Каде одат овие пари?
• Во капитални инвестиции се проектирани само 374 милиони евра. Клучното прашање е дали и овие 374 милиони евра ќе успеат да ги реализираат. За споредба во Косово се трошат околу 1 милијарда на капитални расходи.”
-напиша Александар Николоски на социјалните мрежи покрај видеото од своето обраќање со надеж да допре до ушите на разумот во владеачките партии.


