• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Ѓорѓе Иванов ја разобличува неспособноста на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска

декември 18th, 2020 Политика коментари 660

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ѓорѓе Иванов ја разобличува неспособноста на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска

СООПШТЕНИЕ од Кабинетот на поранешниот Претседател Иванов

Поранешниот претседател Иванов денес упати писмено барање до Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за доставување на информација за состојбата, статусот на отворените предмети кои ги води ДКСК за него, предмет за потпишување укази за унапредување на генерали за време на изборен процес и предмет за зголемување на имотната состојба, за кои и покрај изминатите 20 месеци не е преземено ништо согласно законските утврдени рокови.Ви го доставуваме текстот на писменото барање во целост:

—До

Билјана Ивановска

Претседател на Државна комисија за спречување на корупција

ул. Даме Груев бр.1,

1000 Скопје Скопје,

18.12.2020 година

Од

Проф. д-р Ѓорге Иванов –

Поранешен претседател на Република Македонија

Предмет:Врска

предмет број 12-1148/5

предмет – зголемување на имотна состојба

Барање за доставување на информација за статус на нерешени предмети

Госпоѓо Ивановска,

Со ова барање и официјално ви се обраќам за информација за двата погоре наведени предмети за кои речиси 20 месеци не е ништо превземено, согласно со закон утврдени рокови.

За предмет број 12-1148/5 каде се испитува потпишување на Укази за унапредување на генерали за време на изборен процес повеќе од 12 месеци нема никакво дејствие.

На 17.09.2019 година беше поднесена тужба за поништување на вашата НЕЗАКОНИТА одлука 12-1148/5 од 02.05.2019 година.

Од 05.11.2019 година кога и со решение на Вишиот Управен суд УРПЖ.бр.4/2019 беше потврдена пресудата на Управниот суд УРП.бр. 39/2019 со која пак се ПОНИШТИ одлуката на Државна комисија за спречување на корупција 12-1148/5 од 02.05.2019 година по поднесената тужба од моја страна – предметот нема никаква разрешница.Вие предметот сеуште не го затворате иако два надлежни суда донесоа решенија со кои вашата одлука е незаконита, поради што истата е поништена, не постои.Барам одговор зошто не е постапено согласно судското решение и зошто предметот е сеуште отворен и покрај тоа што сите рокови предвидени со Закон се пробиени.Дали чекате насоки за дејствување од некого, иако бевте официјално известени дека е постапено согласно надлежностите на претседателот на Република Македонија пропишани во Уставот и законите на Република Македонија?

Исто така, отворивте предмет, врз основа на добиени информации од медиум, за наводно зголемување на мојата, и на моето семејство, имотна состојба.Поведени од вашиот личен, јавно искажан анимозитет кон мене, наместо да ја согледате реалната состојба наведена во законски рок доставениот Анкетен лист и сите пријавени промени во целиот мој десетгодишен мандат, како и доставениот Анкетен лист по завршување на мојот мандат, вие одлучивте да поведете лична медиумска кампања против мене и моето семејство од само за вас познати причини.

Наместо да постапувате согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси и согласно Деловникот за работа на ДКСК вашата крајна и единствена цел беше да ја нарушите мојата чест, достоинство и углед.Јавно ве прашувам:Зошто и по речиси 20 месеци од завршување на мојот мандат како претседател на Република Македонија сеуште немате завршница за предметот отворен за мојата и моето семејство имотна состојба, иако навремено ви беа доставени сите информации и податоци кои лесно беа проверливи?

Дали се точни информациите, кои ги имам неофицијално, дека релевантни институции од кои сте барале да ја испитуваат мојата имотна состојба, навремено и професионално ви ги доставиле нивните одговори?

Дали и покрај тоа, вие не сакате да донесете одлука пробивајќи ги сите законски утврдените рокови од само за вас познати причини?Сакам јавно да ве известам дека ополномоштен адвокат од моја страна, согласно Законот за слободен пристап до информации, ќе бара увид во сите документи од предметот за мојата имотна состојба кои вешто ги криете за да се утврди колку и како се пробиени законските рокови.

Наведеново ми дава за право да се сомневам дека ја злоупотребувате вашата функција и вие ЛИЧНО го рушите угледот на членовите на ДКСК кои професионално и одговорно ја вршат и сакаат да ја извршуваат својата функција.

Со вашата неспособност, нестручно, неодговорно и спротивно на закон и деловник работење и однесување, само нанесувате штета на професионалниот и стручен тим на Државната комисија за спречување на корупцијата.Очекувам дека на ова мое барање лично ќе ми одговорите, а не како минатиот пат, одговорот да го добијам преку партиски гласноговорник, од партиска говорница, кој неуспешно се обидуваше да ја брани вашата неспособност во вршењето на една многу одговорна функција.

Проф. д-р Ѓорге Иванов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Дали ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе од Собрание? Дали беше исправно што ВМРО-ДПМНЕ во 1994 г. излезе од Собрание?
Следна објава Доцна синоќа изгласан памфлетот наречен "Буџет на Влада". Продолжува економското тонење на државата
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 341
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 658
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 501
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 450
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 577
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1903
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 484
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 561
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 473
Жена на денот
Интересни факти за  Џулија Робертс

Интересни факти за Џулија Робертс

628
Маж на денот
Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

Тејлор Лотнер - талент и шарм на едно место

1543
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Ќулавковa -  “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”
Македонија

Ќулавковa - “Македонскиот идентитет ни го забетонираа онака како што некогаш во мостовите заѕидувале жива жена – доилка”

Мај 9th, 2019 1040
Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж
Македонија

Хорор во с.Желино (Тетовско)- Татко го пpoбoдел синот со нoж

Јул 1st, 201972
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202222
"Свирни против промена на името"- симпатична акција која плени со својата креативност
Македонија

"Свирни против промена на името"- симпатична акција која плени со својата креативност

Мај 28th, 201821
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.