• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Дали ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе од Собрание? Дали беше исправно што ВМРО-ДПМНЕ во 1994 г. излезе од Собрание?

декември 18th, 2020 Колумна коментари 956

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Дали ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе од Собрание? Дали беше исправно што ВМРО-ДПМНЕ во 1994 г. излезе од Собрание?

Голем број на крајно десничарски граѓани и структури во државата како свој последен крик за целокупната апокалипса која што се случува во Македонија под палката на Зоран Заев, бараат напуштање на Македонскиот парламент од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Револтот од актуелната статус-кво ситуација во која Заев од позиција на најмоќен човек во државата ги спроведува своите крчмарски политики, е повеќе од евидентен во Македонското општество како во Скопје а уште повеќе во останатите градови ширум Македонија. Состојбата е најлоша во периферните и сиромашни општини каде што буквално стопанството е клекнато на колена.

Калкулантските политики и бруталните инструменти на репресија, поткуп и пропаганда со кои што Зоран Заев држи зауздани голем број на гласачки електорат и се профилира како доминантен политички фактор по број на гласови, се главната одлика според која Македонија е оквалификувана како хибриден режим во релевантни меѓународни рамки.

И во такви услови голем број на граѓани спасот од овој сеприсутен девастирачки вртлог го гледаат во единствената политичка сила која што може да се спротивстави на СДСМ и актуелната власт а тоа е вМРО-ДПМНЕ. Одреден фонд на гласни застапници на конзервативните -про десничарски вредности и политики во квантумот на поддржувачи на исконските идеи на ВМРО за самобитност и независност на Македонскот национално битие, под ударот на жезлото на владеачката номенклатура како свој последен крик за спас на државата и нацијата се погласно го прокламираат барањето ВМРО-ДПМНЕ да излезе од Македонскиот парламент, со примена на мерки на улична демократија и масовни протести за уривање на актуелната власт која ги разнебидува најголем дел од конзервативните вредности кои што Македонскиот народ го носи во своето битие и постоење.

Ова барање е оправдано од аспект на логично гледање и толкување на состојбите во држава во која што се практикуваат демократски мерки и каде моралните вредности се на високо ниво рамо до рамо со европските демократии.

Но во “жабокречината” во која што функционира актуелната номенклатура на власт обележана како хибриден режим, од релевантни меѓународни фактори, ваквиот линеарен правец на делување е повеќе од штетен и уште повеќе оди во прилог на уништувачките политики кои ги спроведува Зоран Заев врз генезата на Македонскиот идентитет.

Одговор за ваквото барање на овие гласноговорници против актуелните политики на Зоран Заев во најкратки црти дава претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата “Јади Бурек” на телевизија Сонце.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ не го напушти парламентот Мицкоски објаснува преку пластичен пример на симулација:

“Денеска сета опозиција го напушта парламентот. Што ќе направи прво владеачкото мнозинство?

Ќе ја свика комисијата каде што спаѓа деловникот, ќе си ги помине онлајн седниците, ќе ги оттргне оние 2-3000 амандани кои што во моментот ги блокираат, ќе си го спроведе делот за онлајн седниците… одма истиот ден на пленарна седница ќе го помине, следниот ден ќе излезе во Службен весник и од тој ден оваа номенклатура предводена од Зоран Заев уште 4 години останува на власт.

Вториот закон е законот за легализација на марихуаната, третиот закон ќе биде нешто друго, четвртиот закон ќе биде да се забрани ВМРО да постои како политичка партија.

Тоа ќе се случи, од дома ќе си седат и ќе си кликаат. И следниот закон ќе биде легализација на дивоградбите. Претпоставувам дека вие имате живеалиште кое што сте си го платиле затоа што е легално. Некој си изградил и ние сега треба тоа да му го легализираме. И редица други работи. Ете тоа ќе значи ако сега опозицијата го напушти парламентот.

Па тоа најмногу ќе го сака Зоран Заев.

Ако пратениците поднесат оставки? Уште подобро! Ќе распише избори. И наместо 61-62 колку што има сега ќе има 120 пратеници како што имаше 94-та- 98-ма парламентот што беше. Кога ни се случија стотици избори на судии и јавни обвинители, се создаде длабоката држава во судството и обвинителството од која што до ден денес не можеме да кренеме глава. И ќе ви се случат и Кацарска, Русковска и ќе ви се случуваат такви. И приватизацијата, тоа е веќе да не зборувам- организираната пљачка.

Е тоа не можам јас да го дозволам.

Ниту пак сакам да советувам дел од моите соработници вакво нешто да дозволат. Напротив, ќе се бориме. Ќе се бориме да не поминат овие штетни закони, но тоа нема да го правиме на циркузантски начин по социјални медиуми, тибам тоа, тибам она, туку ќе го правиме во парламентот на конструктивен начин. Како државотворна партија, ние не сме циркузанти и кловнови. Ние сме луѓе избрани од народот и имаме обврска кон тој народ. Тој народ ги плаќа тие луѓе таму. И никогаш на тој начин нема да се однесуваме.

Да ќе одиме на протести, ќе протестиреме, ќе блокираме улици ако мислиме дека не бива, ќе блокираме булевари, ќе излегуваме пред влада, ќе правиме се и сешто. Но немојте да барате да го напуштиме парламентот. Тоа е последниот бастион каде што се брани денеска Македонија. Пред налетот на Зоран Заев и тие околу него.

Тоа не е радикализирање, тоа е капитулација на Македонија.

Тоа нема да го дозволам јас.

Јас разбирам луѓето се емотивни, незадоволни, не можат ова веќе да го гледаат, тешко им е – ги разбирам и жалам што е тоа така.”

Овој дел од интервуто на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со водителот Јанко Илкоски може да го погледнете помеѓу и 40:30 и 44:00 минута во видеото во продолжение:

Ограничен број на граѓани кои се посветени гласноговорници по социјалните мрежи на конзервативните десничарски про-националистички структури својата стекната нетолеранција кон актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја базираат на ограничен фонд информации а доминантно врз основа на сопствени чувства. Во овој кампус на граѓани забележливо е влијанието на негативните ефекти од владеањето на Зоран Заев кој брутално ги злоупотребува сите можни пропагандни алатки за ширење на хаос и безредие во Македонија. А во тој хаос и безредие кои предизвикуваат поделби помеѓу граѓаните во државата позицијата на Зоран Заев е најкомотна со тенденција да се одржува и понатаму.

Токму затоа единствената сила која што може да креира платформа за обединување е ВМРО-ДПМНЕ чие што раководство е цел на малициозни и контрадикторни напади за лична дискредитација на луѓето во врвот на опозициската партија како единствен скелет кој што е доволно моќен за да направи обединување на сите противници на штетните политики на Зоран Заев и актуелната номенклатура на СДСМ.

Значењето на историјата во обликување на актуелните и идни општествени правци на движење, пожелно би било да се практикува суштински а не декларативно.

А таа историја вели дека напуштањето на парламентот од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во 1994 година доведе до фатален удар врз Македонската самобитност преку економскиот колапс кој што го предизвика приватизацијата на државниот капитал во период 1994-1998 година.

Уште колку фатални удари може Македонија да преживее знаејки ја силината и жестината на досегашните удари на Зоран Заев?

Пишува: Анастасов Кирчо

  • Ознаки
  • Колумна

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Идентитетот се продава, Стево молчи! Toj не е мој претседател
Следна објава Ѓорѓе Иванов ја разобличува неспособноста на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 618
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 633
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 617
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 602
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 970
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 757
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 799
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

750
Маж на денот
Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

Џејсон Статам- Сон за секоја жена што сака акција

1904
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201925
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Во мојот град веќе не врне...
Колумна

Во мојот град веќе не врне...

Јан 22nd, 202018
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.