• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Измени на Законот за даноците на имот – измени со кои се зголемуваат трошоците за живот на граѓаните

март 10th, 2021 Политика коментари 714

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Измени на Законот за даноците на имот – измени со кои се зголемуваат трошоците за живот на граѓаните

За Арачиново односно за неплаќачите на Данок на имот сето ова ништо не значи Даночната регулатива во Република Македонија со која е уреден данокот имот опфаќа само два закони и тоа Законот за даноците на имот (lex specialis) и Законот за локалната самоуправа (lex generalis). Ваквата поставеност на овој дел од даночниот систем во Република Македонија, овозможува законодавецот да ја регулира стапката на данокот на имот; утврдувањето на данокот; и неговата наплата. Имено, со Законот за даноците на имотот се уредува стапката на данокот на имот, методологијата за неговото утврдување и начинот на неговата наплата, додека со Законот за локалната самоуправа, наплатата на овој данок е оставен во надлежност на општинската администрација кадешто имотот е лоциран.

Република Македонија во моментот има многу ниска т.е. поволна стапка на данокот на имот, која се движи од 0,1% до 0,2%, зависно од од тоа како општината ќе ја определи. Основата за определување на висината на донокот претставува неговата пазарната вредност, која се утврдува според Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот која ја применуваат општините.

Со предлог Законот за именување и дополнување на Законот за даноците на имот, на голема врата се протнува нов пристап за утврдување и наплата на данокот на имот. Овој пат, наместо досега воспоставената пракса, пазарната вредност на имотот да се утврдува според Методологијата за нејзино утврдување, ќе се утврдува по РЕВИДИРАНА пазарна вредност на имотот. Што значи тоа во суштина? Тоа значи дека на секои 4 години, општинските власти ќе имаат законска обврска да ја ревидираат пазарната вредност на имотот, под претпоставка дека со имотот се вршел некаков промет, продажба, подарок, наследство и слично. Важно е да се напомене дека така ревидираната пазарната вредност на имотот ќе значи зголемување на даночната основа, од едноставна причина што цените на сите добра и услуги растат согласно со стапката на инфлација и односите на понудата и побарувачката. На пример, во Скопје, данокот на имот драстично ќе се зголеми поради зголемената побарувачка за станови, куќи и слично. Како што побарувачката за станови расте, така ќе расте и нивната ревидирана пазарната вредност и покрај тоа што станот ниту е продаден, ниту е наследен, ниту пак подарен. Значи имаме вештачко зголемување на пазарната вредност на имотот, а со тоа и зголемување на даночната основа за утврдување и наплата на данокот на имот. Крајниот резултат е граѓаните да плаќаат повисок данок на имотот, без да има било каков промет со нив.Е сега, кога веќе се ревидира пазарната вредност на имотот, кога како основа ќе се земе “ревидираната” пазарната вредност на имотот, се поставува прашањето дали со ова се врши директен упад во темелната вредност на нашиот уставен поредок според која сопственоста е неприкоснована? Ова е од причина што кога веќе како основа за утврдување и наплата на данокот на имот ќе се земе неговата ревидирана пазарна вредност, тогаш сосема ирелевантно е дали ќе се плаќа данок на промет со недвижности, данок на наследство и подарок или данок на имот. Како што погоре беше објаснето, во моментот кога ќе се утврди пазарната вредност на имотот, тогаш во истиот тој момент, следува данок на имот, утврден по моменталната пазарна вредност, која ќе го оптерети и оној кој го наследил имотот, затоа што наследникот ќе плати данок на имот во висина која е определена според истиот пристап како и за имотот што е наследен од роднина во прв наследен ред, а при тоа е ослободен од плаќање данок… Уште повеќе што даночните стапки за данокот на промет со недвижности и данокот на наследство и подарок се во принцип исти или слични без разлика на тоа дали се работи за данок на наследство и подарок или данок на промет со недвижности.

Понатаму, отворено прашање е што ќе се случи и со правните лица кои имаат сопственост на надвижен имот. Измените и дополнувањата на Законот за даноците на имот, уредуваат дека како лице за потребите на овој закон се смета правно или физичко лице. На пример, една фабрика има две хали, една во Скопје, друга во Битола, во двете се обавува активна производна дејност, а седиштето на фирмата е сместено во станот кадешто живее сопственикот… И сега какви последици ќе настанат? Прво, сопстеникот ќе повисок плати повисок данок на имот по ревидирана пазарна вредност на станот каде што живее; и второ неговата фирма ќе плати повисок данок на имот определен според ревидираната пазарна вредност на халите каде што се обавува производството и тоа по повисоката стапка затоа што седиштето на неговата фирма е регистрирано во станот кадешто живее сопственикот. А последиците по социјалниот живот ќе бидат далекусежни, од причина што зголемувањето на данокот на имот поради зголемувањето на пазарната вредност на имотот, како неминовна последица ќе наметне пораст на цената на недвижностите, пораст на наемот на недвижностите, а со тоа и зголемување на трошоците за живот. На пример, студентите ќе плаќаат поголем наем на станот затоа што сопственикот на станот ќе има поголеми трошоци по истиот спрема државата, па истите ќе ги “компензира” со повисок наем.

Да резимираме, измените и дополнувањата на Законот за доноците на имот, ќе направат хаос во социјалниот и општествениот живот на граѓаните на Република Македонија, од причина што пазарната вредност се определува според трендовите на пазарот за недвижности, а не според однапред определена вредност согласно со степенот на развој на општината каде имотот е лоциран. Измените во даночната регулатива се потребни со цел да се скратат трошоците за живот на граѓаните, а не со цел да се зголемат. Дополнително, ништо од овие измени нема да значат за неплаќачите на данок.

Соопштение за јавност на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Мицкоски со јавна благодарност до целиот медицински персонал на Инфективна клиника во Скопје
Следна објава Општина Кочани ќе ги менува своите грб и знаме
Може да Ве интересира:
Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер
Македонија

Даниела Христова: Наместо да гласаат приоритети за помош на граѓаните, власта го нудат Пенов за Министер

октомври 26th, 2022 383
Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"
Македонија

Во сабота камен темелник за нова инвестиција во Тетово со помош од државата од 130 мил. евра. За истокот "тупалото од тапанот"

август 11th, 2022 699
Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"
Македонија

Генералка во с. Градец, виничко. Продолжуваат интензивните дневни активности на ЈП "Солидарност"

јули 29th, 2022 560
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум

јули 27th, 2022 501
Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно
Македонија

Ковачки: "Само видете кои лица, партии итн. се ЗА бришење на идентитетот и за бугаризација на Македонците и ќе ви стане јасно

јули 4th, 2022 621
Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат
Македонија

Камерите во собранието фатија кадри како пратениците на власта се договараат да одат да јадат... луксуз кој многу граѓани го немаат

јуни 29th, 2022 1951
ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија
Македонија

ДУИ подгрева ниски страсти, додека Ковачевски, Маричиќ и Османи преговараат за бугаризација на Македонија

јуни 28th, 2022 534
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пружија поддршка на протестот на ССМ пред парламентот

јуни 22nd, 2022 651
Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт
Македонија

Рушењето плафони во институции не е ништо ново за актуелната власт

јуни 14th, 2022 525
Жена на денот
Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

Барбара Палвин со право е еден од ангелите на Викторија Сикрет

757
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1597
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.