Целокупната Македонска јавност и ден денес многу убаво се сеќава на изјавата на Зоран Заев дека тој бил црпнат од нива во Муртино од страна на Господ за да го донесе во ситуација да влијае на животите на секој еден Македонец било во Македонија било каде низ светот.
-Јас сум човек од село, од село Муртино, струмичко. Пред некои 20 години работев по полето. Најверојатно Господ не ме црпна таму од нивите и ме донесе овде, за така низ вода да ме пушти,
-рече Заев во една своја изјава за медиум од Охрид во почетокот на 2015 година.
Јас тука би запрашал многу сериозно и крајно одговорно: Дали се уште сметате дека Зоран Заев ваквата изјава ја кажал со целосна непресметливост и игноранција или позади истата има точно дефиниран ПР момент кој што видовме дека во дадени периоди истиот внимателно и грижливо се пали и се гаси во јавниот оптек на информации во медиумското претставување на власта чиј врв е токму Зоран Заев?
.„Нешто шупоти“
„Да живее животот“
„Гарантираме средна плата 500€ и минимална плата 1000€“
„Железни опинци ќе облечам, просечна плата од 500 евра во Македонија ќе има“
„Со сила на човека можеш да му дадеш“
„Се случи дожд од 93 литра во секунда“
„Го пробивме звучниот ѕид на сите времиња“
„Нема воздух. а велат „ајро, ајро“
„Да направиме брејн дрејн“
„Хев а ну јиар еврибоди“
„Но дискасисти“
„Ако ми скинете жица од гитарата, ќе ја променам и ќе продолжам да свирам. Ако посегнете по жицата на која жена ми спростира алишта, ќе протегнам нова. Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето. Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот. Но како Господ Ве молам…НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“
„Го донеле Заев на власт за да го смени името? – Ајде мајката!!!“
„Го прелапуваме големиот заб“
„Весламе со палка“
„Рибата смрди од опашката“
„Ми треба камшикар“
„Ќе ја дадеме Македонија во богато семејство“
„Сите оние коишто имат уши, а се прават слепи“
„Европа е сексипилна женска“
„Нема да дозволиме ширење на Пандорината кутија“
„Ќе ги намалиме глобите за 150%„
„Чукамо се ударамо у градима нашима„
„Хајуду? Добри сте? Све е океј?“
„Кој бе тоа ќе спроведе во Радовиш, во Струмица и Прилеп двојазичност, глупости невидени“
“Дури и да е противправно, не може не бива,- ќе се најде начин”
„Јас сум првиот премиер што се поклонил на гробот на Гоце Делчев во Благоевград“
„Иднината веќе не ни е судбина“
„Турците се бореле против османлиите“
„Холокаустот е еврејска традиција“
„Да ги начучулите ушите“
„Да поставиме сидро кое ќе влече напред“
“Брат ми е душа напатена“
„Јас сум Зоран Заев од село Муртино, некои ме викаат Зајче“
„Одозгора на тога“
„Цар Самуил је пуно шетао, а и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари“
-се дел од изјавите на Зоран Заев во изминатите 5 години со кои во јавноста тој со помош на внимателно одбрани алатки и методи за себе успеа да изгради перцепција во јавноста дека станува збор за непредвидлив човек, на кој не може да му се верува на збор, со ниско ниво на општи познавања, скромен интелектуален капацитет, мали јазични предиспозиции, морален и карактерен кредибилитет без способност за лидерство на ниво на еден премиер.
И покрај сите овие квалификации Зоран Заев како премиер на владата во Република Македонија успеа и се уште успева да ја реализира својата зацртана стратегија за деноминација на Македонската држава/државност наспроти глобализаторските напливи на бришење на постоењето на Македонскиот национален идентитет кој што е еден од трите најстари идентитети во светот покрај египетскиот и еврејскиот.
Навидум негативните карактеристики за личноста на Зоран Заев кои се изградени во јавноста, се негови најсилни адути во борбата за опстој на власт во државата.
Ако сакаш да уништиш морал, пласираш неморал. Ако сакаш да ја уништиш вистината кажуваш лаги! Ако сакаш да ја снема Македонија, го избегнуваш користењето на ова име на секој можен начин. Ваквата моја теза се базира на повеќеслојни индикации, синтетизирани и сместени во поширок контекст на процесот за деноминација на цел еден народ и неговиот државотворен капацитет.
И во тој напор на Зоран Заев за рушење на Македонското национално постоење како универзална вредност која со себе носи богатство на дух и идентитет морам со разочарување да нагласам дека извесни опозициски центри му помагаат во тие негови напори и настојувања.
Во Македонија од дамнина постои една народна мудрост која зборува за поврзаноста на власта и народот:
“Каков народ таква власт” или “каква глава таква капа”….
Со поставувањето на Зоран Заев на власт наспроти сите политички прилики во 2016 и 2017 година, во деноминацијата на Македонското национално битие е искористена токму ваквата народна мудрост против интересот на самото мнозинство на граѓани.
Од денот кога беше решено дека Зоран Заев треба да биде устоличен на власт, Македонската јавност имаше прилика да погледне длабоко во своето секојдневие, своите животни практики и навики во голема мера да им бидат сведени на гол егзистенцијализам, беда на сопствената граѓанска свест и моќ за државотворност и менување на состојбите на подобро.
Дури и во некои опозициски кругови во јавноста беа лиферувани тези дека ние сме мал народ и не сме моќни да ги контролираме или да влијаеме на глобалните процеси кои во Македонија се вкрстуваат од различни светски правци.
Во едно модерно општество, во 21 век моќта и големината на една држава/политички ентитет не се мери по бројност на жители, туку по квалитетот на вредносниот систем и цивилизациските придобивки кои ги создал.
Зоран Заев денес се уште е на власт таков каков што е! Но наследството кое го остава зад себе е она длабоко позагрижувачкото.
Зоран Заев во очи на јавноста е типичен пример на неук човек кој ужива во хедонизмот на парите, моќта и богатството. Образовниот систем се урива по сите можни столбови на неговото постоење, здравствениот систем во државата е колабриран, економијата се мери во доделени тендери, ФИТР “Иновации”, државна помош и субвенции… Станавме поголем социјализам од оној на Тито! И тоа не е случајно. Моќта за контрола на животот на секој поединец во државата во времето на социјализмот на поранешна СФРЈ беше мошне силна. Битието кое некогаш поседувало таква моќ многу тешко може да се откаже од истата. И таа контрола не е случајна, туку влегува длабоко во раздор на суштината на постоењето на една вистинска демократија не само во Македонија туку поширока во европски и светски рамки.
Оттука сето тоа што го креира Зоран Заев и цвелокупната апаратура на власт во Република Македонија е дел од своевидно глобално сценарио на обезличување на ликот на идентификација на еден народ во контекст на глобализацијата која детерминира малку поинакви вредности различни од традиционалните.
Падот на Зоран Заев во огромна мера зависи од пркосот на Македонските граѓани, наспроти вредностите кои што режимот на Зоран Заев ги импутира во секојдневниот живот на секој од нас поедиец.
Тезата дека ништо значајно во државата не зависи од нас како поединци е пропаганда на актуелните центри на моќ на клучни позиции ситуирани во власта платени со пари на нас граѓаните.
Вистината е дека се зависи од нас. Секој поединец е значајна алка во овој ропски синџир кој тежи на вратот на секој од нас.
Времињата се менуваат. Вистината и слободата секогаш победуваат!
Пишува: Кирчо Анастасов


