Кајл Гас од култните Tenacious D ја обнови легендарната песна на панк рок составот Ramones “I Wanna Be Sedated” со нов наслов “Vaccinated” (Вакциниран). За потребите на спотот на песната кој што е објавен на Јутјуб сервисот тој соработува со повеќе познати и афирмирани имиња од поп-рок естрадата во САД.
Музичарот комичар ги преработи зборовите на песната од Ramones за промоција на процесот на вакцинација од COVID-19.
Во спотот покрај Кајл Гас се појавува и Џек Блек- актерот комичар со кој што заедно глумеа во филмот “Rock N Roll school”. Исто така во спотот се појавува и Ејми Ли пејачката на Evanescence која добива вакцина од нејзиниот син Џек, како и гитаристот на легендарниот бенд Toto Стив Лукатер, кој свири гитара заедно со Кајл Гас


